X
 26.03.2023 Живот

Резервирајте игло во ова арктичко одморалиште кое ќе ви го одземе здивот

Не е чудо што многу луѓе се фасцинирани од поларната светлина. Со неверојатен опсег на бои, јасно е зошто луѓето се маѓепсани од глетката пред нив.

Сега, замислете да имате можност да спиете под оваа светлина. Само треба да резервирате лет до Финска и сместување во одморалиштето „Какслаутанен арктик“.
 
Одморалиштето нуди уникатно искуство затоа што наместо во соба, ќе престојувате во стаклено игло кое ќе ви овозможи прекрасен поглед на снегот и поларната светлина.

Воопшто не морате да излегувате на студеното време, туку можете удобно да се завиткате во ќебе со шолја топло чоколадо и да уживате во филм или книга. Освен тоа, одморалиштето ги има сите удобности што ви се потребни.


Доколку сакате да излезете, Финска има што да понуди. Покрај шумите покриени со снег кои можете да ги истражувате со коњ или со моторни санки, можете да му се придружите и на „кампот за кршење мраз“.


Ако сакате да го посетите одморалиштето наесен, повторно имате можност да ја видите поларната светлина, но и многу работи што никогаш не сте помислиле дека ќе ги видите. Планините, ридовите, шумите и реките се толку чисти, што ќе ве воодушеват. Исто така, можете да одите на риболов, на возење со велосипед, на јавање коњи итн.



Извор: 24sedam.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот