Еколошко одморалиште во руралниот дел на Велс прима исклучиво невакцинирани гости.
Заземајќи контрадикторен пристап во споредба со многу други туристички капацитети, „Блаинеинион“ е одморалиште кое не прима гости што се вакцинирани.
Повикувајќи се на неосновани тврдења за вакцината, сопственичката Шерон Џирарди истакнува дека чувствува должност да се грижи за своето семејство и за гостите. Таа не сака во нејзиниот објект да влезе некој што веќе примил „експериментална“ вакцина и ги предупредува луѓето за „несаканите ефекти од вакцините“.
Фото: Sharon Girardi
Таа нагласува дека одморалиштето е полно до крајот на септември, а добило неочекувана и голема поддршка од многу истомисленици.
Еколошкото одморалиште е опишано како идиличен и изолиран проект за заштита, кој се простира на 30 хектари во долината Артистс.
Фото: Sharon Girardi