Ви ја претставуваме најстарата библиотека во Швајцарија со 160.000 наслови.
Фото: Instagram
Библиотеката била основана во 719 година од св. Отмар.
Во 1983 година УНЕСКО ја прогласи оваа библиотека за светско културно наследство.
Фото: Instagram
До многу ретки ракописи, кои се наоѓаат во оваа манастирска библиотека, може да се пристапи онлајн, а таа е и отворена за јавноста.
Освен постарите печатени книги, во колекцијата има 1.650 инкунабули (книги печатени пред 1500 година) и 2.100 ракописи што датираат од 8 до 15 век.
Фото: Instagram
Опатијата во Сент Гален се наоѓа во истоимениот град во североисточниот дел на Швајцарија. Станува збор за импресивен архитектонски ансамбл кој се состои од различни згради групирани околу главниот плоштад на опатијата.
Извор:
Telegraf.rs
Фото:
Instagram