X
 24.01.2019

Пожар ја уништил последната египетска колонија на Блискиот Исток

Најновите археолошки ископувања во Израел, на подрачја од Газа до Галилеја, покажуваат дека последната позначајна колонија на Египетското Царство на фараоните – Канан исчезнала по побуна во која биле запалени некои од најважните египетски утврдувања во тој дел на Азија.

Тоа се случило околу 1125 година пр.н.е. и тоа го означило крајот на египетската окупација на Канан. При сеопфатни истражувања на израелските археолози, пронајдени се саркофази карактеристични за египeтскиот начин на изработка, како и скулптури-сфинги, тотеми на божества и портрети на владетелите, објави интернационалниот двомесечник „Аркиолоџи“.

Според археологот Израел Финклстајн од Универзитетот на Тел Авив, областа Канан за Египет била значајно стратешко место од каде што можело да се контролира движењето на Хетите и трговските патишта од Средна Азија кон Средоземноморјето.

Земјата Канан била освоена од Египет 1458 пр.н.е., по Битката кај Мегида (денес во Северен Израел). Победата на Египќаните врз Кананитите ја предводел фараонот Тутмос Трети, и таа важи за една од најславните оти е забележана на многу релјефи низ цел Египет.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk