X
 21.01.2024 Живот

Приказната за најосамената куќа на светот, изградена на остров

Најосамената куќа на светот е обоена во бело и е сместена на средината на Елијад - далечен мал остров на јужниот брег на Исланд. Островот е со големина од 110 хектари и е дом на голема популација различни видови птици. Иако куќата изгледа морничаво, приказната за нејзината изградба на толку оддалечен остров не е необична.

Се зборува дека куќата ја изградил милијардер во случај на апокалипса, поточно зомби-апокалипса, но тоа не е точно. Куќата била изградена во 50-тите години како ловечка куќа од страна на ловечкото здружение „Елиада“, кое повремено доаѓа во областа за лов. И покрај тоа што е дом на приватен ловечки клуб, на посетителите им е дозволено да ја посетат куќата.

 
За да стигнете до куќата, треба да изнајмите брод од некој од блиските острови. Патувањето до овој остров се карактеризира со ниски температури и бранови кои понекогаш знаат да бидат исклучително страшни.

Кога ќе стигнете до островот и ќе се упатите кон куќата, ќе забележите дека е опкружена со ограда од жица. Иако поентата на тоа не е јасно, се добива впечаток дека некој живее во куќата. Гледајќи ја оддалеку, човек би помислил дека е студена и непријатна, но атмосферата во куќата е сосема поинаква: има скромна софа, камин и трпезарија опремена со голема маса и неколку столчиња.

Во куќата се наоѓа и спална соба со 10 удобни кревети. Има и опремена кујна во која има различни намирници. Исто така, во куќата има и работилница со алати и убава бања опремена со мијалник, туш, тоалет и огледало.

Кога ќе падне мрак, преовладува само звукот на брановите на морето.

За посетата да биде поинтересна, постои книга во која посетителите ги запишуваат нивните имиња и датумот на нивната посета.

Без оглед на необичната природа и многуте приказни, куќата е возбудливо место за истражување додека сте на Исланд.

 

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот