На веб-страницата на Министерството за труд и социјална политика се достапни списоците со корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, известија од Министерството.
- Доколку некои од граѓаните/корисници во категориите опфатени со овој закон не се на списокот, а сметаат дека ги исполнуваат условите, можат да поднесат приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка која ја формира министерката за труд и социјална политика, во рок од три дена од датумот на објавувањето на списоците со корисници на финансиската поддршка - велат од Министерството.
Комисијата одлучува за поднесените приговори во период од 15 дена од денот на поднесувањето на приговорот. Рокот за приговор е 3 дена, сметано од 6.12.2022 година, заклучно со 9.12.2022 година.
Датуми на исплата
Од Министерството информираат дека исплатата на финансиската поддршка, согласно овој закон, за корисниците на правата од социјалната и детската заштита ќе биде на 12.12.2022 година, а за корисниците на паричен надоместок по основа на невработеност, исплатата ќе биде на 14.12.2022 година.
На корисниците на пензија и корисниците на правото на надоместок за телесно оштетување финансиската поддршка за декември е исплатена со исплатата на ноемвриската пензија.
Списоците може да ги најдете на следните линкови.
Корисници на посебен додаток за секое дете посебно
Корисници на право на социјална сигурност на стари лица
Корисници на правото на надоместок заради попреченост
Надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед
Самохрани родители кои се евидентирани како корисници на гарантирана минимална помош
Насловна фотографија: Pixabay