Подобри услови за напредок и мотивација на сите сегашни и идни студенти е цел на секој факултет и на цела држава. Со таа намера и мисија, Стоматолошкиот факултет во Скопје потпиша договор со „Промедика“ за обезбедување финансиска поддршка за најдобрите студенти.
Ова е прекрасен пример на соработка, каде што „Промедика“, како општествено одговорна компанија, се вклучува директно во помагањето на идните студенти, почнувајќи од тековната 2022/2023 година, но и во многу други активности каде што може да придонесе, односно во спроведување заеднички проекти и активности од научноистражувачки и развоен карактер, како и соработка во вид на едукативни активности преку организирање посети, научни и стручни собири, обуки и слично.
Финансиска поддршка ќе добијат тројца најдобри дипломирани студенти, и тоа двајца од студиската програма по дентална медицина и еден забен техничар.
Од „Промедика“ изјавија дека им е чест и задоволство да бидат дел од оваа соработка и како општествено одговорна компанија ќе реализираат уште низа активности во периодот што следува:
- Особено сме горди што потпишавме договор со Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за доделување финансиска поддршка, субвенции за отворање нова клиника на тројца најдобро дипломирани студенти.
Повеќе детали може да погледнете на следниот
линк
(Комерцијална објава)