X
 09.06.2017 Култура

Приказната за една од највпечатливите фотографии

Од настанувањето на дагеротипијата и првите бележења на големите историски настани, една од најпознатите фотографии на сите времиња е онаа каде е забележано поставувањето на советското знаме на зградата на Рајхстагот во разрушениот Берлин.

Неколкумина војници од Црвената армија, а со нив и фотографот Евгениј Калдеј, се искачија на врвот на Рајхстагот, симболот и седиштето на моќта на некогаш најсилната европска држава.

Поставено е огромно советско знаме со срп и чекан, што конечно го означи поразот на Хитлеровите планови за создавање на германско царство кое требаше да трае со илјадници години.

Но, истата фотографија истовремено претставува и пример за еден од првите обиди да се направи фотомонтажа во функција на ширење пропаганда. Имено, тоа може да се види според војникот кој на оригиналната фотографија имал два часовници на раката, што било доказ за грабежите што ги вршеле советските војници за време на нападот врз Берлин. Заради ова, еден од часовниците е отстранет од конечната верзија на фотографијата, со што истата станала едно од најпознатите пропагандистички дела во историјата.

И тоа не е единствената проблематична работа кај оваа фотографија; сè што се случувало тие неколку денови во Берлин до денес се неразјаснети.

Јосиф Сталин издал наредба на 30 април да се заземе зградата на Рајхстагот, со цел тој настан да се совпадне со меѓународниот празник на трудот кој се прославува на 1 мај.

Оваа наредба војниците на Црвената армија крваво ја платиле. Тие конечно успеале да го подигнат знамето на зградата доцна во ноќта на 30 април, но нацистичките војници го симнале  веќе следното  утро.

После крвави борби со губитоци и на двете страни, Калдеј и војниците се качиле на покривот на Рајхстагот и го поставиле советското знаме дури на 2 мај.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура