Не постои поочигледен и подиректен начин на некого да изјавите љубов отколку да кажете „Те сакам“. Верувале или не во Кина ова не е е најприфатливиот израз за покажување на чувствата. „Те сакам“ е универзален израз кој го користат фамилиите, пријателите, паровите, па дури и сопствениците на домашните миленичиња.
Меѓутоа во многу кинески семејства овој израз е далеку од вообичаен. Родителите во Кина во одреден момент кои го слушаат своето дете да ги изговара овие зборови остануваат во шок, одговарајќи на тоа со прашања како:
„Што не е во ред?“
„Дали си пијан/а?“
„Дали си трудна?“
Еден татко дури одговорил: „Доцнам на состанок, прекини со тие глупости“.
На кој начин оваа празнина во односите во кинеските семејства може да се објасни?
Се претпоставува дека за ваквата практика примери може да се најдат во учењето на Конфучиј и комунизмот кој и понатаму е присутен во
Кина.
Фото: Freepik
Ксиа Ксиуелуан, социолог на Универзитетот во Пекинг објаснува: „Реакциите на родителите покажуваат дека Кинезите не се склони кон изразување на позитивни емоции. Тие се навикнати да ги воспитуваат децата користејќи јазик на негативност."
Доктор Кајпинг Пенг, професор на Беркли, Универзитетот на Калифорнија, зборува за алтернативи:
„За да ги изразиме најдлабоките романтични чувства, ние не велиме „Те сакам“, туку „Ми се допаѓаш“.
Проблемот лежи во фактот дека учењето на Конфучие отсекогаш го обесхрабрувал романтичниот однос меѓу брачните другари, а ги негуваше односите меѓу мажите, односот меѓу таткото и синот или постариот и помладиот брат. Жените едноставно во овие односи се оставени настрана. Уште една причина за таквото однесување може да се најде во обичаите кои биле практикувани во моментите на зајакнување на комунистичката партија. Бидејќи договорените бракови беа забранети, кампањите кои ги охрабруваа луѓето сами да одлучуваат за изборот на партнер, ја нагласуваа вредноста на заедничкиот политички идентитет наместо романтичната привлечност.
Исходот на оваа политика е образец дека делата говорат повеќе од зборовите, така што секое изговарање на зборот љубов се третира како неразумно. И покрај тоа некои родители во Кина знаат да бидат чувствителни, но не многу често.
Кога вие последен пат сте рекле некому дека го сакате?