X
 07.01.2020 Живот

Совети за губење на тежината стари 100 години

На почетокот на 20 век проблемите со дебелината почнале повеќе да се забележуваат и почнале да се пишуваат книги за начинот на исхрана. Повеќето совети имале разумна поента - „јади помалку и вежбај“, но има и совети што се застрашувачки за денешните нутриционисти. 

Анет Келерман во нејзината книга за зачувување на физичката убавина од 1918 нуди тестови со кои читателот може да открие дали има вишок килограми. Тестовите вклучуваат набљудување на сопственото голо тело пред огледало.


„Застанете голи пред огледало и погледнете се. Сега наведнете се од повеќе страни. Дали забележувате опуштена кожа? Легнете на грб на креветот. Со слободната рака фатете ја опуштената кожа. Доколку сте премногу дебели, ќе имате многу опуштена кожа над затегнатите мускули“. 

Останатите тестови се слични на овој и според нив, жената треба да дознае дали треба да преземе нешто во врска со животниот стил. За сите оние што по тестовите откриле дека се премногу дебели следувале совети за губење на тежината.


„Спиењето за оние што веќе премногу се одмарале е самоубиствено за умот и телото. Предолгото спиење ќе ве направи глупави и дебели. Спиењето мора да биде ограничено на 7 часа, а дремнувањето во текот на денот е строго забрането.“ 

Денес, нутриционистите постојано повторуваат дека мора да пиеме многу вода, но тогаш луѓето мислеле поинаку. Теоријата на Томас Кинг Чембрс од 1852 е дека бремените жени не смеат да пијат вода. Докторите ја потврдувале теоријата. 

„Немојте да пиете многу вода. Малку лимонов сок во неа ќе спречи да се здебелите.“ 

Повеќето книги за здрав живот од тој период препорачуваат пешачење, возење или пливање. Но, не поради причините на кои мислите. Целта на овие активности е дишењето чист воздух, кој се сметало дека ја топи маснотијата така што таа излегува преку дишењето.


Лина Кавалиери во нејзината книга од 1914 објаснува: „Свежиот воздух ја уништува маснотијата. Кислородот го гори јаглеродот. Јаглеродот е она што се наоѓа на вашиот абдомен под кожата.“

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот