X
 05.07.2021 Живот

Едноставна промена во начинот на јадење може да го забрза слабеењето

Едно истражување покажало дека може да се изгубат вишок килограми и без диета или вежбање. Според истражувањето, спорото јадење може да им помогне на луѓето да ослабат бидејќи прави да се чувствуваат пополни при јадењето.

Според истражувачите, џвакањето на секој залак 30 секунди може да ви помогне да изгубите двојно повеќе тежина за време на диета или вежбање.


Фото: Pixabay

Додека се јаде полека, стомакот има повеќе време да лачи хормони кои му кажуваат на мозокот да престане да јаде. Од друга страна, брзото јадење го намалува лачењето на овие хормони, поради што луѓето продолжуваат да јадат иако веќе изеле доволно. Потребни се околу 15 минути за да стигне сигналот од стомакот до мозокот.

Во истражувањето учествувале 17 лица кои јаделе сладолед со различна брзина. Оние испитаници кои најспоро јаделе се чувствувале најполни и имале највисоки нивоа на хормони кои му испраќаат сигнали на мозокот дека треба да престане со јадење.

Извор: Psy Blog
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот