Една фитнес-компанија од Индијана, САД, нуди 13.000 долари за четворица што ќе ја намалат телесната тежина за три месеци.
Компанијата „Тотал шејп“, која продава додатоци и опрема за вежбање, ќе одбере четири кандидати кои ќе ги тестираат новите рутини за исхрана и вежбање. Одбраните кандидати ќе мора да го
документираат нивното слабеење со снимање видеосодржина, објавување на социјалните мрежи и водење дневен блог.
Фото: Pixabay
Оваа можност им се нуди на жителите на САД и на Велика Британија. Во САД ограничувањата поврзани со пандемијата довеле до зголемување на телесната тежина кај дури 76% од жителите, покажува едно истражување. Во Велика Британија 48% од жителите признале дека се здебелиле за време на пандемијата.
Кандидатите од САД ќе добијат плата од 8.000 долари и може да добијат дополнителни 5.000 долари доколку ги постигнат целите во програмата за слабеење. Во Велика Британија ќе биде понуден сличен надомест.
Може да се пријавуваат кандидати што имаат најмалку 21 година од САД и 18 од Велика Британија.
Автор: Кортни Мур
Извор:
foxnews.com