Преговорите со некој што има поголема моќ од вас може да бидат застрашувачки.
Без разлика на тоа дали го прашувате вашиот шеф за нова задача или се обидувате да направите поголема бизнис-зделка со клиент, вашиот пристап во преговорите може драматично да влијае врз шансите за успех. Како на најдобар начин да го добиете тоа што го сакате?
Што велат експертите
„Често пати може да се пронајде сила во слабоста“, вели Маргарет Нил, професор по менаџмент на Училиштето за бизнис при „Стенфорд“. Моќта на една личност ја намалува способноста за разбирање на другата личност. На тој начин вие ја преценувате неговата моќ, а ја потценувате својата. Еве како можете да преговарате за успех.
Подгответе се
Често пати се плашиме од заканите на конкуренцијата. Се грижиме дека постојат други пет кандидати кои се подобри од нас, така што ги намалуваме нашите барања. Преговарајте, без разлика на тоа дали овие грижи се вистински, и запомнете дека и вие имате вештини и експертиза кои другите кандидати ги немаат.
Знајте ги и вашите цели, но и нивните
Направете листа за тоа што сакате од преговорите, и зошто. Оваа вежба ќе ви помогне да одлучите што би предизвикало да си одите, за да изградите подобра стратегија со прифатливи услови. Но, важно е да откриете што ѝ е важно на другата страна. Со проучување на мотивацијата, пречките и целите на конкуренцијата, можете да се подобрите себеси.
Подгответе се
Најважното нешто е да бидете подготвени. Ова вклучува создавање креативни решенија кои ќе функционираат и за двете страни. Ако потенцијален клиент ви рече дека ќе ви плати X за работата, со вашата подготовка и истражување ќе бидете во можност да му речете: „Но на последните тројца вие им плативте Y“. Подготовката ви дава информации за подобро преговарање.
Слушајте и поставувајте прашања
Две од најмоќните стратегии што можете да ги примените е да слушате добро и да поставувате прашања.