X
 28.04.2015 Наука

Што се подразбира под секој од степените на Рихтеровата скала?

Светот беше погоден со силни земјотреси во последната недела. Најсмртоносниот се случи на 25 април во Непал. Земјотресот досега однесе 3.300 човечки животи, а илјадници згради беа уништени или оштетени притоа.

Земјотресот беше со јачина од 7,9 степени според Рихтеровата скала. Колку силно е ова? Да ги споредиме степените.

1 - Незабележлив земјотрес. Го забележуваат само сеизмографите.

2 - Многу лесен земјотрес. Го чувствуваат луѓето во повисоките катови.

3 - Лесен земјотрес. Го чувствуваат луѓето и во подолните катови.

4 - Умерен земјотрес. Во домовите го чувствува поголемиот дел од чуѓето, а на отворено само некои луѓе. Се тресат вратата и предметите, како и прозорците.

5 - Прилично силен земјотрес. Го чувствуваат многумина на отворено. Предметите кои висат слободно се занишуваат. Некои мали предмети се превртуваат. Вратата и прозорците се отвораат или затвораат.

6 - Силен земјотрес. Го чувствуваат сите луѓе. Сликите паѓаат од ѕидовите. Предметите се рушат. Приборот за јадење се крши. Некои куќи се оштетуваат.

7 - Многу силен земјотрес. Рушење со значајна штета на предметите во домовите. Се оштетува поголемиот дел од добро градените куќи. Циглите се кршат и паѓаат од кровот.

8 - Разорен земјотрес. Силно оштетува четвртина од куќата. Некои куќи се рушат, а многу не се соодветни за живот потоа. На мокро дно и на падините се појавуваат пукнатини.

9 - Пустошен земјотрес. Околу половина од куќите значајно се оштетени, многу се рушат, а повеќето не се соодветни за живот потоа.

10 - Уништувачки земјотрес. Тешко оштетува околу три четвртини од зградите, а повеќето се рушат. На земјата се појавуваат пукнатини, а од ридовите се одронува земја. Се кршат парчиња од карпите.

11. Катастрофален земјотрес. Се рушат сите згради. На површината има широки пукнатини од кои излегува вода и песок. Има големи одрони и многу карпи се рушат.

12. Голема катастрофа. Ниту едно суштество не преживува. Површината го менува изгледот, езерата се затрпуваат, се појавуваат водопади, реките ги менуваат коритата.  

3 - Лесен земјотрес. Го чувствуваат луѓето и во подолните катови.

4 - Умерен земјотрес. Во домовите го чувствува поголемиот дел од чуѓето, а на отворено само некои луѓе. Се тресат вратата и предметите, како и прозорците.

5 - Прилично силен земјотрес. Го чувствуваат многумина на отворено. Предметите кои висат слободно се занишуваат. Некои мали предмети се превртуваат. Вратата и прозорците се отвораат или затвораат.

6 - Силен земјотрес. Го чувствуваат сите луѓе. Сликите паѓаат од ѕидовите. Предметите се рушат. Приборот за јадење се крши. Некои куќи се оштетуваат.

7 - Многу силен земјотрес. Рушење со значајна штета на предметите во домовите. Се оштетува поголемиот дел од добро градените куќи. Циглите се кршат и паѓаат од кровот.

8 - Разорен земјотрес. Силно оштетува четвртина од куќата. Некои куќи се рушат, а многу не се соодветни за живот потоа. На мокро дно и на падините се појавуваат пукнатини.

9 - Пустошен земјотрес. Околу половина од куќите значајно се оштетени, многу се рушат, а повеќето не се соодветни за живот потоа.

10 - Уништувачки земјотрес. Тешко оштетува околу три четвртини од зградите, а повеќето се рушат. На земјата се појавуваат пукнатини, а од ридовите се одронува земја. Се кршат парчиња од карпите.

11 - Катастрофален земјотрес. Се рушат сите згради. На површината има широки пукнатини од кои излегува вода и песок. Има големи одрони и многу карпи се рушат.

12 - Голема катастрофа. Ниту едно суштество не преживува. Површината го менува изгледот, езерата се затрпуваат, се појавуваат водопади, реките ги менуваат коритата.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука