Ако мислевте дека никој нема да дознае дека сте се упатиле кон Париз или Лондон, навистина сте се излажале.
Ако користите „Андроид“ или услуги од „Гугл“, најверојатно ги знаете сите можности што ги нуди системот. Но некои корисници не сакаат да ги споделуваат сите информации со „Гугл“, па, меѓу другото, го исклучиле прикажувањето на реклами, следењето на историјата на пребарувања или споделувањето на локацијата каде се наоѓаат во моментот.
На прв поглед се чини дека тоа е доволно за просечниот корисник да може да задржи одредена доза на приватност. Меѓутоа, „
Асошиејтед прес“ откри дека тоа не е сосема така.
(
Фото: Pixabay)
„Гугл“ ги следи корисниците и ја складира нивната информација и во случаи кога корисникот недвосмислено го забранил тоа. Од „АП“ откриваат како „Гугл“ ја складира локацијата на корисникот штом тој отвори некоја нивна апликација, на пример, „Гугл мап“.
Интересно е што компанијата на својата страница за приватност истакнува дека можете да ја исклучите историјата на локации во кој било момент, па тогаш „локациите каде што се наоѓате нема да се складираат“.
Од „Гугл“ се бранат дека имаат јасна комуникација кон корисниците и штом тие ja исклучат историјатa на локации,
Гугл продолжува да ја користи нивната локација за
подобрување на искуствата при користењето на нивните апликации.
Во превод, ако мислевте дека никој не знае дека сте отпатувале на некоја локација, сте се излажале. Големиот брат „Гугл“ го знае тоа и таа информација ја складирал некаде длабоко во своите сервери без разлика што ви „кажал“ дека нема да го прави тоа.