X
 28.05.2021 Живот

„Како да ја контролираш жена ти“ - 165 милиони пати пребарано на „Гугл“ лани

„Гугл“ е алатката што ја користиме кога ни се потребни одговори, без разлика дали бараме рецепт или совет. Податоци од пребарувачот покажуваат дека, за жал, многумина ја користат алатката за да практикуваат семејно насилство.

Семејното насилство се зголемило за време на пандемијата поради изолирањето во домовите, а неодамнешно истражување го потврдува ова анализирајќи податоци од пребарување на „Гугл“. Во анализата се разгледувало што пребарувале корисниците на „Гугл“ во САД за време на пандемијата.


Фото: Pixabay

Резултатите покажале огромен пораст на пребарувања кои покажувале присуство на насилство од страна на мажи. Меѓу другото, било откриено дека секоја од фразите „како да ја контролираш жена ти“ и „како да удриш жена без никој да забележи“ била пребарувана 165 милиони пати.

Фразата „ќе ја убијам кога ќе се врати дома“ била пребарувана 178 милиони пати.

Истовремено, фразата „тој ќе ме убие“ била пребарувана 107 милиони пати, додека фразата „тој ме тепа“ била пребарувана дури 320 милиони пати. „Помош, не сака да си отиде“ била пребарувана дури 1,22 милијарда пати.

Извор: news18.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот