X
 07.03.2016 Наука

Длабочината на океанот е мистериозно бучна

Претпоставките на повеќето луѓе се дека длабочините на Тихиот Океан, се екстремно и мистериозно тивки. За таа цел, научниците користеле титаниумски хидрофон за да го снимат звукот на дното на океанот, и открија постојано „потпевнување“ на природната врева.

Земјотресите, и од близу, и од далеку, звуците на китовите и тајфуните можете да ги слушните токму на оваа снимка.

„Исто така има и доста врева од бродскиот сообраќај, кој се идентификува со јасните звучни пропелери на бродовите кои поминуваат“, додава Роберт Дозиак, океанографот од Националната океанска и атмосферската администрација (NOAA).

Истражувачите од NOAA и Државниот универзитет во Орегон соработувале со американската крајбрежна стража за да го спроведат експериментот, кој бил дизајниран за да воспостави основна линија на ниво на бучава на дното на Маријанскиот Ров. Идните научници ќе можат да го повторат процесто за да го утврдат степенот до кој се зголемува вештачката бучава создадена од човекот.

 

Со цел да се направи снимката, научниците морале да го земат во предвид атмосферскиот притисок кој гради во таква длабочина.


„Никогаш не сме ставиле хидрофон подлабоко од една милја под површината, такашто ставањето на овој инструмент беше навистина застрашувачки“, вели инженерот од Универзитетот во Орегон, хару Мацумото.

Биле потребни повеќе шест часа за хидрофонот да  стигне до дното во јули 2015 година - после снимањето на звукот 23 дена, истражувачите морале да чекаат до ноември за бродовите и тајфуните да се расчистатм за да можат да го вратат уредот. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука