X
 13.07.2024 Наука

Хроничната несоница е поврзана со процесираната храна

Ултраобработената храна е поврзана со здравствени проблеми, како што се срцеви заболувања и дијабетес, а нова студија посочува дека може да придонесе и за хронична несоница кај некои луѓе.

Овие производи може да бидат која било храна што е многу модифицирана за да се подобри нејзиниот вкус, или масовно произведена или потпомогната да трае подолго. Таквите производи се во контраст со овошјето или зеленчукот, кои генерално се органски.

Истражувачи од Универзитетот „Сорбона“, Париз, ги разгледаа податоците собрани од 38.570 возрасни лица мапирајќи ги нутритивните информации во однос на варијаблите за спиење.

- Во време кога храната е високопреработена и нарушувањата на спиењето се во пораст, важно е да се процени дали исхраната може да придонесе за квалитетен сон - истакнува Мари-Пјер Сент-Онге, научник за исхрана и спиење во Универзитетот „Колумбија“, САД.

Сент-Онге и нејзините колеги откриле статистички значајна поврзаност помеѓу поголемата потрошувачка на преработената храна и зголемениот ризик од хронична несоница, откако биле земени предвид социодемографските фактори, начинот на живот, квалитетот на исхраната и менталното здравје. Севкупно, учесниците во студијата добивале 16 проценти од нивната дневна енергија од процесираната храна, додека 19,4 проценти од групата пријавиле симптоми на хронична несоница - а оваа група имала повеќе застапени високопроцесирани производи.

Некои од истражувачите претходно откриле поврзаност помеѓу медитеранската исхрана и помалиот ризик од несоница, така што оваа нова студија се чини дека ја претставува другата страна на таа врска. Сè уште не е јасно зошто може да постои оваа поврзаност. Полесно е да се поврзе процесираната храна со зголемување на телесната тежина, поради високата калорична содржина, но ќе бидат потребни дополнителни истражувања за да се разбере како овие намирници нè држат будни ноќе.

Извор: okvir.net

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука