Снегот најчесто го очекуваме во јануари, но тој знае да изненади и да паѓа и во март, како што можеме да посведочиме. Во македонскиот јазик имаме неколку збора кои се поврзани со снегот, но дали знаете дека на јапонски јазик има над 100 збора со кои може да се опише снегот? Еве неколку најинтересни.
Ака-јуки (aka-yuki; 赤雪)
Овој збор буквално се преведува како црвен снег. Тој ја опишува ситуацијата кога снежната површина изгледа црвеникава поради црвената трева што расте под него. Ова најчесто се забележува на високите планини.
Зараме-јуки (zarame-yuki; 粗目雪)
Ова е снегот кој најчесто го има во пролет, односно снегот кој делумно се топи, а потоа пак замрзнува ноќе и потоа наликува на кристал.
Фото: Pixabay
Јуки-боши (yuki-boshi; 雪帽子)
Овој збор ја опишува формата што ја добива снегот кога паѓа на нешто и наликува на капа.
Фото: Pixabay
Ботан-јуки (botan-yuki; 牡丹雪)
Зборот ги опишува снегулките што се големи и прекрасни.
Фото: Pixabay
Мочијуки (mochiyuki; 餅雪)
Ова го опишува снегот кој изгледа како меки оризов оброк кој се користи во некои слатки јадења.
Извор:
All about Japan
Насловна фотографија: Pixabay