X
 03.08.2020 Култура

Која е заедничката карактеристика на сите јазици во светот?

Секој од нас може да создаде неограничен број различни реченици на нашиот мајчин јазик. Во минатиот век, Ноам Чомски предложил теорија дека ова е овозможено од граматиката. Со други зборови, тој претпоставил дека има вродени граматички правила кои се применуваат на сите јазици. Според него, мозокот на сите луѓе создава јазик со исти правила кои Чомски ги нарекол универзална граматика.

Во следните децении се правеле анализи на јазиците за кои биле достапни податоци за да се утврди оваа универзална граматика, но како што научниците анализирале поголем број јазици, така станувало појасно дека јазиците се поразлични едни од други отколку што претходно се сметало.


Фото: Freepik

Чомски ја надградил својата теорија сведувајќи ги сите јазици на принципи и параметри. Според оваа хипотеза, сите јазици делат некои граматички принципи, но може да се разликуваат во параметрите, односно во применувањето на принципите. На пример, принцип е дека во секоја реченица треба да има подмет, но правилото за задолжителното вклучување на подметот во реченицата преку збор може да се разликува од јазик до јазик.

Сепак, дури и ова не го одговорило прашањето кои граматички принципи се универзални. На почетокот од овој век, Чомски предложил дека има само 1 заеднички принцип за сите јазици, а тоа е рекурзијата, што се објаснува како способност на структурите на реченицата да бидат вметнати една во друга.


Фото: Freepik

Оваа хипотеза звучела добро за објаснување на заедничката карактеристика на сите јазици, но во 2005 лингвистите објавиле истражување на амазонски јазик во кој немало вакви рекурзивни структури. Сепак, оваа хипотеза на Чомски поттикнала многу лингвисти и научници да спроведуваат истражувања за јазикот, па можеби наскоро ќе ги добиеме потребните одговори.


Извор: ed.ted.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура