X
 07.03.2024 Живот

Попушти во учењето и секоја информација - и добра и лоша - ја прима со рамнодушност и без емоција. Како да ѝ помогнеме?

Ќерка ми има 13 години и е доста повлечено дете, не се истакнува, нема натпреварувачки дух. Попушти во учењето, не покажува заинтересираност за школо, не пишува домашни, не се спрема за тестови. Тоа што оценките ѝ се лоши и не е толку страшна работа зашто можат да се поправат, но страшна е нејзината рамнодушност кон работите. Какви и да се информациите што ги добива – и добри и лоши – таа ги прима со рамнодушност и без емоција! Нејзината помала сестра добива работи што ги сака, но и повеќе внимание, а поголемата ќерка го забележува тоа. Дали таквата состојба предизвика вакво однесување? Многу време поминува на мобилен телефон, и покрај ограничувањето, таа изнаоѓа начини… Имам чувство дека ѝ немам посветено доволно време и не знам дали нешто може да се смени.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот