X
 04.06.2018 Култура

Скриена сибирска заедница на врвни советски научници



Градот Академгородок во Сибир бил наменет за врвните научници на Советскиот Сојуз. За тој град е снимен и филм, случајно пронајден во купишта ѓубре.


Снимки од откриениот документарец за заедницата на научници во СССР
(Фото: RFE)


Режисерот Станислав Шуберт мисли дека филмот го снимил некој од научниците.

„На неформалните фотографии може да видите како живеат обичните луѓе во оваа земја, како се облечени и што прават. Ова е исклучително вреден историски документ. Неколку луѓе обрнале внимание на овие детали, а некои се и снимени.“

Академгородок е град основан во 1957 година за време на советскиот лидер Никита Хрушчов, кога научниците биле поттикнувани на размена на идеи и истражувања без централна контрола. Тоа било ера на политичка либерализација позната како „Одмрзнување“.

Анастасија Безносова-Близњук вели дека младите, интелигентни луѓе сакале да бидат ослободени од стереотипното размислување во официјалните научни школи. Мајката на Анастасија, Светлана Рожнова, организирала дебатен клуб во тој град.

„Во градот постоеше такво чувство на заедништво. Никогаш не сум помислила дека некој што ми позајмува книга, што ми верува, може да ме издаде или да изнесе информации за мене.“

Во филмот од 1968 година е прикажан и фестивал на пејачи и текстописци, првиот таков настан во Советскиот Сојуз.

Два месеца претходно, 46 научници потпишале петиција во која го критикувале судскиот процес во кој двајца писатели биле обвинети за „антисоветски активности“, што било објавено во „Њујорк тајмс“.

Валери Меншчиков вели дека фестивалот покажал дека младите луѓе можат да направат нешто против сите забрани.

Но, наместо адекватен одговор, следувало спротивното – концертите и изложбите биле прекинати, дебатниот клуб затворен, а многу научници – истерани. Снимките од фестивалот не смееле да бидат прикажани сè до 1990 година, кога биле искористени во документарниот филм „Забранети песни“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура