Државите низ светот полека ги укинуваат мерките за ограничено движење и им овозможуваат на некои бизниси повторно да ги отворат вратите за посетителите. Во некои држави веќе се дозволуваат и концерти на отворено и посета на забавни паркови.
Во Јапонија, властите објавиле мерки за оние кои сакаат да ги посетат забавните паркови кои може да бидат тешки за почитување. Една од мерките е да не се вреска за време на возењето со ролеркостер. Според препораките за спречување на ширењето
на Ковид-19, парковите бараат од посетителите да се воздржат од гласно врескање на ролеркостерите.
Фото: Pixabay
Посетителите треба и да ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање во однос на останатите посетители и вработените во парковите.
Двата најпопуларни паркови во Јапонија, „Универзал студиос“ во Осака и „Дизниленд“ во Токио, сè уште не објавиле датум за отворање.
Извор:
consequenceofsound.net