Маските се основни во борбата против Ковид-19, но тие не се секогаш удобни или практични за носење. Низ светот веќе започна вакцинирањето против оваа болест, па затоа многумина се прашуваат уште колку време би требало да носиме маски?
Во декември Антони Фаучи, директор на американскиот Национален институт за алергии и заразни
болести, изјави дека мерките за дистанцирање и носењето маски ќе останат во втората половина од 2021 и подоцна. Што значи тоа? Тешко е да се каже бидејќи никој не знае со сигурност кога ќе се вакцинира целиот свет, а тоа ќе зависи од повеќе фактори во секоја земја.
Фото: Pixabay
Но експертите велат дека вакцинирањето ќе одземе време поради повеќе фактори, па сите нема да имаат пристап до вакцина во исто време. Ефективноста на вакцините во создавањето имунитет, исто така, ќе игра улога.
Постои и теорија дека вакцините го спречуваат појавувањето на симптомите, но дека вакцинираните лица може да бидат асимптоматски носители на коронавирусот и на тој начин да го шират.
Многу е веројатно дека ќе продолжите да гледате маски на улиците и по 2021 година, велат од „Interesting engineering“ во видеото во продолжение. Многумина би можеле да продолжат да носат маски како превентивна мерка, што се случило во некои азиски земји по претходни епидемии и поради загадувањето на воздухот.
Автор: Лукиа Пападопулос
Извор:
interestingengineering.com