Врховниот суд на Бразил објави дека корисниците на „Твитер“ ќе бидат казнети до 8.874 долари дневно доколку користат VPN за пристап до апликацијата.
Бразил е најновата земја што ја забрани социјалната мрежа „Твитер“. Забраната стапи во сила на 31 август откако Илон Маск одби да назначи правен застапник поради тековниот спор со бразилската влада.
Бразилскиот судија Александар де Мораес обвини дека платформата на Маск се користи за ширење клеветнички лажни вести, а забраната ќе остане во сила додека сопственикот на „Твитер“ не ги исполни барањата.
Сега на жителите на Бразил ќе им биде забрането да ја користат оваа социјална мрежа - во спротивно ќе се соочат со огромни парични казни доколку бидат фатени како користат VPN за да ја заобиколат забраната.
- Не можеме да живееме во општество каде што милијардерите кои живеат во странство имаат контрола врз социјалните медиуми и се во позиција да го прекршат владеењето на правото, да не ги почитуваат судските наредби и да им се закануваат на нашите власти - изјави бразилскиот државен обвинител Хорхе Месијас.
Извршниот директор на „Тесла“ започна хајка против бразилската влада, повикувајќи на крај на „репресивниот режим“.
Во еден момент Маск ја ретвитна објавата истакнувајќи дека потенцијалните казни за граѓаните кои пристапуваат до X во Бразил се за 528 отсто поголеми од нивниот месечен приход.
- Угнетувачкиот режим во Бразил толку се плаши луѓето да ја дознаат вистината, што ќе банкротира секој што ќе се обиде - изјави Маск.
Засега останува нејасно како Врховниот суд на Бразил има намера да открие кој користи VPN за пристап до „Твитер“ и како ќе се спроведуваат тие казни.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik