X
 07.07.2016 Култура

Како Блер го наговорил Буш на војна?

Тони Блер го наговорил Џорџ Буш на војна во Ирак и инсистирал на тоа да постои голема желба да се уништи Садам Хусеин.

 

буш


Ова е објавено во повеќе од 20 документи кои Блер му ги испратил на Буш во годините кои довеле до војна во Ирак.

Документите откриваат за што тогашниот премиер размислувал пред да се здружи со американскиот претседател како одговор на нападите на 11 септември, што да прават со Садам Хусеин како и последиците од инвазијата во 2003 година.

Ден после терористичките напади на Ал Каеда во Њујорк и Вашингтон, Блер му напишал на Буш дека двете земји треба да ја конструираат агендата за борба против меѓународниот тероризам, но во ниту еден момент не го споменал Ирак.

Тој наведува дека постои оружје за масовно уништување и пишува дека знае дека некои држави и поединци тргуваат со опасно оружје, и дека другите сакаат да го купат како и тоа дека треба да се воведат санкции и да се изврши притисок за да се спречи тоа.

„Нешто од ова ќе бара акции кои некои ќе се обидат да ги спречат, но подобро да го направиме тоа сега и после да објаснуваме и да ги оправдуваме нашите акции отколку да дозволиме да се случи поголема катастрофа“, пишува Блер.

Еден месец подоцна, Блер напишал дека постои голема желба на Блискиот Исток да се заврши со Хусеин, и упатил предупредување.

„Нема сомнение дека мораме да се соочиме со Садам, но ако удриме по Ирак, може да го изгубиме арапскиот свет, Русија, а можеби и половина Европска Унија, а мојот страв е дека сето тоа може да се пренесе на Пакистан. Како и да е, сигурен сум дека можеме да подготвиме тактика за Садам“, наведува Блер.

Следното писмо до Буш било испратено на 8 ноември, со барање ОН да освои нова резолуција за Ирак, за на 4 декември конечно да напише дека Ирак е закана бидејќи има можност за производство на оружје за масовно уништување.

„Секоја поврзаност помеѓу 11 септември и Ал Каеда во најмала рака е доста слаба. Моментално, меѓународното мислење треба да биде поддршка за воена акција, луѓето сакаат да се ослободат од Садам“, пишува Блер.

Тој продолжил во сличен ритам на 28 јули 2002 година, кога напишал дека вистинската работа е да се ослободат од Садам, како и тоа дека треба да се започне коалиција, повеќе политичка отколку воена, за акција против ирачкиот лидер.

„Велатт дека сите се на наша страна и се оптимисти дека ќе ги неутрализираме и ќе добиеме поддршка од мнозинството од Арапите, но и во Европа; Франција, Италија, Шпанија и Германија ќе бидат со нас, но морам да кажам дека тоа не се мои зборови, сега не можам да бидам сигурен во поддршката од парламентот, партиите, публиката па дури и Кабинетот. Тоа е Британија, тоа е Европа, луѓето едноставно немаат чувство на итност како Америка. Тие се сомневаат... во моментот парадоксално, нашиот најдобар сојузник е Русија“, вели Блер.

Во поглавјето „Стратегија за создавање коалиција“, Блер пишува дека ако се најдат докази за оружје за масовно уништување и докази за создавање на нуклеарен капацитет, како и поврзаност со  Ал Каеда, тогаш би можел да се изврши голем притисок. Тој додава и дека нападите треба да започнат во јануари или февруари 2003 година.

Ден после годишнината од нападите на Њујорк и Вашингтон, Блер упатил и своерачно писмо до Буш.

„Драг Џорџ, тоа беше брилијантен говор. Тој не' става аво вистинска стартегија како треба да се изврши работата. Приемот беше доста позитивен и сите се подготвени да застанат на линија. Секоја чест. Засекогаш твој, Тони...“

Но, истиот тон не го задржал на 24 јануари 2003 година.

„Што е проблемот? Ако одложиме ризикуваме Садам да се врати во игра, да игра криенка со инспекторите. Од друга страна немаме поддршка од резолуцијата на ОН“, пишува Блер, за шест дена подоцна да упати ново писмо, наведувајќи дека започнало одбројувањето известувајќи дека војната започнува следниот месец и додавајќи дека датумот е 15 март.

Помалку од еден месец пред планираниот почеток на инвазија, Блер изјавил дека „улогите сега се многу поголеми“.

„Се чини дека Франција сака ова да стане клучен тест, дали Европа е партнер или противник на Америка? Според моите видувања, луѓето не се целосно против конфликт, се плашат дека можеби не сакаме да се спротиставиме на ОН. Трикот е во тоа што мораме да пронајдеме начин да го промениме фокусот од отсуството на целосната кооперација со Садам и да направиме начин јавното мислење да се префрли на Советот за безбедност и да се постави така што ќе се мисли дека ние навистина направивме се' за да ја избегнеме војната“, заклучува Блер.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура