Јапонката Јомикикасеја Сачи минатиот месец забележала нешто необично во својата градина додека им се восхитувала на цвеќињата. На едно од цвеќињата видела пајак што изгледал како развеселен дедо. Буквално!
Таа веднаш го фотографирала пајакот и фотографиите ги објавила на својот твитер-профил, па ги воодушевила корисниците на оваа социјална мрежа.
Фото: Twitter
Подоцна Сачи открила дека станува збор за
пајак од родот Диаеа. Нивните шари може да варираат од пајак до пајак, но повеќето имаат весели бои.