Поради уверувањата дека класичната музика влијае врз интелигенцијата, трудниците често одат на концерти, а наставниците во училиштата ги учат децата да свират дела на Моцарт, меѓутоа експертите оценуваат дека ваквите работи сепак не се толку едноставни.
Фото: Freepik
„Раните 90-ти во Америка беше објавено истражување кое сугерираше дека слушањето на Моцарт ги прави луѓето попаметни“, вели Мајкл Олер, претседателот на германско друштво за музичка психологија.
„Но, резултатите од истражувањето никогаш не беа повторени“, додава Олер и оценува дека станува збор за урбан мит.
Според оценките на експертите, свирењето на музички инструмент позитивно делува врз когнитивните функции, но тоа се случува без оглед на тоа кој музички инструмент го свирите и независно од музичкиот жанр.
„Постојат јасни докази дека свирењето на музика го менува мозокот“, вели Олер.
Музиката не ги прави луѓето попаметни, но таа ги развива и сензорните и моторичките вештини, ја подобрува интеракцијата помеѓу органите за слух и моторичката функција.
Затоа, музичарите се способни да извршуваат неколку активности истовремено, да читаат ноти, да ги формираат свирејќи и да проверат дали отсвириле исправна или „фалш“ нота. Развивањето на ваквите вештини исто така менува одредено подрачје на мозокот.