Чувствителните луѓе ги следи лоша репутација. Истражувањата покажуваат дека гените се одговорни за 15 до 20 проценти од луѓето што се сметаат за „многу чувствителни“. Психологот Елејн Арон го изучуваше овој феномен и користејќи снимки од мозокот кај високо чувствителни луѓе со помош на магнетна резонанција, откри дека тие чувствуваат звуци, емоции, па дури и присуството на луѓето го чувствуваат многу повеќе во споредба со просечна личност.
Чувствителноста и емоционалната интелигенција
Емоционалната интелигенција е вашата способност да ги препознаете и да ги разберете емоциите што ги чувствувате вие и другите, како и да ги користите тие сознанија за да управувате со своето однесување и врски. Добрата вест е дека чувствителните луѓе не се помалку или повеќе емоционално интелигентни од другите.
Многу чувствителните луѓе ги чувствуваат работите поинтензивно од другите. Нивните силни емоции полесно се забележуваат отколку емоциите на просечните лица. Ова исто така им помага ефикасно да комуницираат затоа што не само што ги слушаат зборовите, туку забележуваат и суптилности во гестикулациите и тонот со кој се зборува.
Меѓутоа, постојат и карактеристики што се еднакво силни како емоциите и кои, доколку не се проверуваат, можат да доведат до тешки последици. Чувствителните луѓе можат да ја користат емоционалната интелигенција во своја корист само во случај ако разберат дека се пречувствителни. Оваа свест им обезбедува да ги потенцираат добрите страни на нивната зголемена емоционална свест, истовремено уочувајќи ги и надминувајќи ги сопствените негативни склоности.
Најчести карактеристики на високо чувствителна личност
1.
Долго и длабоко размислувате – кога пред вас ќе се појави некаква невообичаена ситуација, вие се повлекувате на вашето сигурно место, каде што го согледувате секој аспект на проблемот пред да преземете акција. Мали работи (во вашиот и во животот на други луѓе) можат да имаат големо влијание врз вас.
2.
Насочени сте кон детали – чувствителни сте на детали исто како и на емоции. Гледате детали кои друг не ги забележува и не сте задоволни сè додека не ги завршите и најситните.
3.
Многу тешко ги постигнувате целите – со оглед на тоа дека сте склони на длабоко копање под површината, се стремите да одолжувате со исполнување на целите. Не можете да не го превртите секој можен исход на ситуацијата и тоа најчесто на штета на времето.
4.
Ве кршат сопствените одлуки – кога конечно ќе донесете одлука, која ќе се покаже дека била лош избор, вие тоа го прифаќате потешко од другите. Ова може да создаде маѓепсан круг кој ја забавува вашата брзина на носење одлуки затоа што стравот од носење лоши одлуки е најподготвен за неодлучноста.
5.
Емоционално реагирате – многу силно реагирате на сопствените чувства, како и на чувствата на другите луѓе. Кога вашите емоции се силни, многу лесно им дозволувате да влијаат врз вашите чувства. Канализирањето на вашите чувства во продуктивно и добро однесување е потешкиот дел од работата.
6.
Тешко прифаќате критика – вашите силни чувства и интензивни емоционални реакции можат да направат тешко да поднесувате критика. Иако најпрво на критиката можете бурно да реагирате, сепак, тоа може да ви донесе погодности на подолги патеки затоа што за сè многу долго и добро размислувате.
7.
Вие сте тимски играч – вашата единствена способност да ги земате предвид туѓите мислења ве прави посакуван и неопходен член на секој тим.
8.
Имате убави манири – вашата повисока свест за
емоциите на другите луѓе ве прави многу внимателна личност. Обрнувате внимание како вашето однесување влијае врз другите луѓе. Исто така, силно ве иритира безобразноста на другите луѓе.