X
 07.05.2020 Живот

Повеќе од половина од работниците би сакале да работат само од дома

Американската компанија за компјутерска технологија ИБМ спровела анкета за однесувањето на американските потрошувачи. Анкетата била спроведена на над 25.000 Американци во април за да се разбере како пандемијата на коронавирусот влијае врз нивните перспективи за разни работи, како пазарење, превоз и учество на големи настани и враќање во канцеларија.

Резултатите откриле дека Американците планираат да направат големи промени во начинот на работа, но и во другите аспекти од животот. Многу испитаници кажале дека планираат да го намалат користењето на јавниот превоз и би посетувале помалку големи настани по завршувањето на кризата. Сепак, тие почесто би посетувале спортски настани.


Фото: Pixabay

Тие би направиле промени и во начинот на пазарење и трошење на нивните пари. Така, тие почесто би користеле картички, а помалку би купувале нови автомобили поради финансиските проблеми предизвикани од пандемијата.

Истовремено, над 20% од испитаниците што редовно користат јавен превоз изјавиле дека повеќе нема да го користат, а дополнителни 28% изјавиле дека веројатно поретко ќе користат јавен превоз. Наместо тоа, над 17% од испитаниците планираат почесто да користат лично превозно средство.

Дури 75% од испитаниците изјавиле дека веројатно би одбиле да учествуваат на конференција или друг голем настан во 2020. Кога станува збор за баровите и рестораните, само околу 10% изјавиле дека нема да ги посетуваат овие локали. Една третина од испитаниците почесто би оделе во парк, а секој петти би одел во трговски центри.


Фото: Pixabay

Над 75% од испитаниците изјавиле дека сакаат да купуваат основни намирници во продавници, иако речиси 40% од нив почесто би платиле со картичка. 25% од луѓето сега почесто купуваат од мали локални продавници и локални производи.

Пандемијата принуди многумина да работат од дома, а ова направило разлика во односот на граѓаните кон работата. Речиси 40% од испитаниците изјавиле дека сакаат нивниот работодавец да им понуди опција за работа од дома и по кризата. Над 75% од испитаниците би сакале да продолжат со работа од дома, дури и кога тоа би било само привремено. Повеќе од половина, односно 54%, би сакале да работат само од дома.

Извор: ibm.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот