Ковид-19, болеста предизвикана од коронавирусот Сарс-КоВ-2, влијае врз делови од РНК на заразените клетки, притоа блокирајќи битни функции во нив. Овие штетни промени во РНК веројатно можат да бидат поправени, а наоѓањето вакво решение би значело и наоѓање нови лекови против болеста, покажале истражувачи од Универзитетот во Гетеборг.
Генетскиот материјал во клетките во телото се состои од ДНК, што ги чува генетските информации, додека РНК служи за пренесување на генетичките информации. Овој процес овозможува создавање протеини кои се одговорни за извршување на меѓуклеточните задачи.
Фото: Pixabay
РНК на клетките може да се менува, а било покажано дека вакви промени може да се јават кај повеќе вируси. Ново истражување покажало дека коронавирусот ги попречува процесите за работа на РНК. Една од промените што ги предизвикува коронавирусот е важна за основните функции на РНК, вклучувајќи го пренесувањето податоци до деловите од клетката во кои се создаваат протеините.
Истражувачите сметаат дека може да го искористат откритието за развивање нов лек против болеста кој ќе го спречи напредувањето на вирусот со локализирање на ензимот кој е под негово влијание. Резултатите може да доведат до нови сознанија за причината зошто некои луѓе имаат хронични симптоми на болеста.
Извор:
Phys
Насловна фотографија: Pixabay