Суматрански орангутан во Индонезија со помош на смеса направена од билки ја лекувал големата рана на образот, велат научниците.
Ова е првпат да се забележи животно да лекува повреда со помош на лековити растенија.
Откако истражувачите виделе дека орангутанот нанесува билни облоги на лицето, раната се затворила и зараснала во рок од еден месец. Научниците велат дека ова однесување можеби потекнува од заеднички предок што го делат луѓето и човеколиките мајмуни.
Извор:
ВВС
Фото: Screenshot/BBC