X
 07.06.2018 Образование

Позитивни УКЛО искуства: „На Педагошкиот факултет во Битола, несомнено гo стекнав најголемиот увид и најголемите знаења“

Моето име е Дарко Бошковски и јас сум редовен студент на насоката Англиски Јазик и Книжевност на Педагошкиот Факултет во Битола,при универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола. Во 2017 година аплицирав и бев прифатен за Еразмус плус програмата, која, во нејзините широко распространети сфери опфаќа и нуди размена на студенти помеѓу државите во Европа. Мојата Еразмус студентска размена ја остварив во TU Chemnitz, република Германија, по препораката и огромната поддршка која ја добив од професорите и менторите и во Битола и во Кемниц. Во овој есеј јас ќе ви зборувам за целокупното искуство кое го стекнав при можностите поврзани со изучување на англискиот јазик, како и теориите и концептите кои водат до процедури и начини за изучување на втор јазик, кои патем и јас ги искусив при студирање на двата факултети во Битола и во Кемниц.

1
    
На мојот, Педагошкиот факултет, изучував огромен број на курсеви и предмети кои ми овозможија здобивање со огромни знаења поврзани со најразличните сфери на лингвистиката и во глобала, се’ што е поврзано со изучувањето на јазиците и врежувањето на истите во мозоците на луѓето, особено кога станува збор за англискиот како втор јазик. Некои од курсевите кои ги изучував во Битола се: Социолингвистика, Култура и комуникација, Култура на изразување, Морфологија на англискиот јазик, Англиска синтакса, Англиска книжевност, Фонетика и фонологија на англискиот јазик, Современ англиски јазик, Семантика, Шекспирологија, Методика на изучувањето на англискиот јазик, како и многу други најразлични курсеви и предмети кои се занимаваат со горенаведената тема, вклучувајќи го и опсервирањето на наставата во основните и средни училишта во Битола, како и активната вклученост во истата таа настава. Според мене, англискиот јазик, како јазик кој е широко распространет и популарен во модерниот свет и неговите општества, може да биде изучуван преку огромен број на најразлични форми, а и со помош на многу разнобројни методи, вклучувајќи го фактот дека општествата од сите држави во 21от век несомнено обезбедуваат и вклучуваат значајни можности за нивните граѓани да можат да го изучуваат англискиот јазик побрзо и поефективно. Како и да е, најголемиот фокус во овој есеј ќе биде на воспиремањето на англискиот како втор/странски јазик.
    
Со оглед на тоа што сум роден и израснат во Македонијa, мојот мајчин јазик е македонски, но почнав да го изучувам англискиот како втор јазик уште во основно училиште, па англискиот јазик е јазикот кој јас одлучив да го изучувам и усовршувам како втор јазик. Морам да кажам дека скоро сите горенаведени предмети и курсеви ми овозможија можности и огромни знаења за во иднина да можам да учам и опсервирам како луѓето го восприемаат англискиот како втор јазик, вклучувајќи го и фактот дека јас не сум човек кој го има англискот како свој мајчин јазик, па тоа ми дава еден огромен кредибилитет и предност за успешна опсервација на горенаведените појави, бидејќи јас слободно можам да се ставам себеси како еден од субјектите на таа опсервација. Како што наведoв погоре, англискиот јазик е еден од најпопуларните, најизучуваните и воедно најзборуваните јазици низ целиот свет, па тоа води до огромните можности за неговото изучување преку телевизијата и социјалните мрежи. Иако англискиот јазик не може совршено да се научи исклучиво само со помошта која доаѓа од горенаведените фактори, клучно е да се каже дека истите тие фактори играат голема улога во помошта која некој ја добива при изучувањето на англискиот како странски јазик. Почнувајќи од моите први и основни фази на изучувањето на втор јазик, чии корени се наоѓаат во образованието кое го остварив во основно училиште, јас сепак продолжив да го задржувам целото знаење и да работам на ова знаење поврзано со англискот јазик во секој даден момент од мојот живот. Тука треба да додадам дека низ текот на годините, сигурен сум дека научив многу за англискиот јазик и за земјите во кои англискиот се зборува како мајчин јазик.

На Педагошкиот факултет во Битола, несомнено гo стекнав најголемиот увид и најголемите знаења кога станува збор за восприемањето на вторите јазици кај луѓето, па морам да додадам дека се здобив со особено подобрување на оваа тема кога го продолжив моето студирање во TU Chemnitz, Република Германија. Некои од предметите и курсевите кои ги изучував на овој универзитет имаа специјална улога во моето стекнување со знаења околу восприемањето и усвојувањето на вторите јазици кај луѓето. Некои од овие предмети се: Применета лингвистика, Интегриран курс по англиски јазик, Вовед во студиите за книжевноста во англискиот јазик, како и Теорија за изучување на втори јазици кај луѓето како одделен предмет сам по себе.

За почеток, во овој текст ќе ве водам низ моето патешествие составено од некои од најважните и основните теории и процедури поврзани со восприемањето на вторите јазици кај луѓето, коишто ги изучував во Педагошкиот факултет во Битола. Исто така, ќе ги спомнам сите процедури кои ми дадоа безброј можности да го стекнам целото мое знаење за тоа како луѓето ги восприемаат вторите јазици кои ги учат во животот, особено кога станува збор за англискиот јазик. Ќе почнам со објаснувања и описи околу тоа што и како јас научив во Битола, а потоа ќе продолжам да зборувам за елементите кои го формираа моето знаење на горенаведената тема во TU Chemnitz.

Најпрво би сакал да се осврнам на предметот Современ Англиски Јазик како предмет кој ме исполни со длабоки знаења за англискиот јазик, кој е широко распространет во денешните општества низ светот. Темелно работејќи на читање и разбирање, пишување и формирање на точни реченици, слушање, зборување и усовршување на мојот говор и акцент на англиски јазик, јас успеав да постигнам огромно знаење за англискиот јазик и можам да кажам дека значително се подобрив во сите овие сфери, особено кога доаѓа во светло пишувањето на академски текстови, разбирањето и говорењето на англискиот јазик на нивото на кое го разбираат говорниците на кои англискиот им е мајчин јазик. Со оглед на ова, несомнено ги здобив суштинските елементи за идиомите и идиоматските фрази и систематизацијата на знаењата од областа на англискиот јазик и неговото користење и во мојот академски, но и во мојот приватен живот. Сепак, можам да кажам дека сето тоа беше само една отскочна даска која водеше до крајниот резултат со кој јас се стекнав, а тоа е подобро и темелно разбирање за тоа како говорниците на кои англискиот не им е мајчин јазик, го восприемаат како втор јазик и се учат да го користат во нивните академски, професионални и приватни делови од животот. Исто така, би било многу важно да се напомене дека сите мои познаници и познанички кои го имаат англискиот како мајчин јазик, имаа една од главните улоги во влијанието на усвојувањето на моето знаење добиено на оваа тема. Морам да потврдам дека времето поминато со нив, безразлика дали на социјалните мрежи или во живо, отсекогаш ми било бесценето. Секогаш наоѓам време да дискутирам за тоа колку лесно или тешко е за личност на која англискиот не ѝ е мајчин јазик да го восприеми и научи овој јазик како втор јазик, па сите мои горенаведени пријатели и пријателки ме водеа низ основните примери за луѓе кои ги сретнуваат во нивните секојдневни животи, луѓе на кои англискиот не им е мајчин јазик но флуентно го зборуваат на едно беспрекорно ниво, што може да се каже дека веќе не се ни распознава дали на ваквите личности англискиот им е мајчин јазик или не. Овде, исто така треба да се напомене значителната помош, а воедно и искуството кое го стекнав преку практичната работа во основните и средните училишта во Битола. Овие искуства ми дадоа можност совршено да доловам многу знаења и да опсервирам како децата и тинејџерите на одредена возраст, се справуваат со изучувањето и восприемањето на англискиот како втор јазик, вклучувајќи ги сите аспекти на учењето на еден јазик. Наједноставно објаснување и појаснување за оваа појава би бил фактот дека со помош на практичната настава која ја остварував во училиштата, внимателно ги набљудував сите деца и тинејџери кои се трудеа да го научат англискиот како втор јазик. Овие опсервации ми помогнаа да станувам се' посвесен и посвесен за сите процедури и фази низ кои тие поминуваат, сето тоа за на крај да го научат англискиот јазик. Од воведот во тоа како училишната средина функционира кога човек ќе се најде на другата страна на училницата, односно како наставник или професор а не како ученик или студент, сериозно се здобив со многу подобри сфаќања за целата организација во училиштата, вклучувајќи ги и методите и активностите кои се користат и изведуваат на часовите по англиски јазик. Уште еден интересен фактор во моите познавања на горенаведената тема, се темелните знаења кои ги добив од предметот Американска Историја и Култура, што всушност ми овозможи здобивање на огромна свесност за тоа како јазикот се обликувал низ годините и колку многу всушност тој се променил, најразлично обликувајќи ги методите на говорниците за восприемање на јазикот. При следење на предметот Фонетика и Фонологија на Англискиот Јазик, научив многу интересни концепти и информации за тоа како изговорот всушност функционира, а и тоа како луѓето на кои англискиот не им е мајчин јазик ги формираат и усовршуваат нивните знења за англискиот јазик со помошта на изговорот.

2

Клучен факт во овој случај би бил фактот дека луѓето, најчесто, најтешко се справуваат со одредени делови од изговорот на англиски јазик, а јас се стекнав со знањеа кои ме доведоа до увид за тоа кои делови од јазикот луѓето ги совладуваат, усвојуваат, учат и восприемаат први - што е многу корисно за да јас можам да ги развијам моите способности за учење на јазикот како иден професор по англиски јазик. Ова е клучно бидејќи кога човек ќе добие ваков увид на тема која го интересира, тој би знаел како успешно и со помалку пречки да ги научи неговите ученици да го зборуваат англискиот јазик и да ги опфати сите аспекти потребни за изучување на еден јазик, а кога станува збор за ученици на кои истиот овој јазик не им е мајчин јазик. Исто така, ваквите интелектуални стимулации доведоа до успешно разбирање на тоа како еден ваков професор по англиски јазик треба да се однесува во училницата, како и кои интерактивни методи еден професор треба да ги користи во училницата кога неговите ученици се личности кои не го имаат англискиот како мајчин јазик, но се трудат да го научат како втор јазик. Кога доаѓа во прашање предметот Морфологија на Англискиот Јазик, кој патем е уште еден клучен и влијателен предмет на горенаведената тема, научив многу работи за деривациските и флекциските процеси кога во едни глобални рамки под знак прашалник доаѓа формирањето на зборовите во еден јазик.

За мене беше од голема помош да истражувам и учам за тоа кои делови и аспекти од јазиците луѓето најтешко ги учат при изучување на еден странски јазик, а и тоа колку различно учат странски јазици во споредба со восприемањето и учењето на нивниот мајчин јазик. Можам да кажам дека луѓето од сите делови на светот несомнено имаат различни предности и недостатоци кога станува збор за изучувањето на странски јазици. Ова е бидејќи сите јазици се разликуваат, но фактот дека луѓе со одредени мајчини јазици го учат англискиот јазик полесно од други луѓе со различни мајчини јазици, е фасцинантен. Некои од нив потешко се справуваат со делови и аспекти од англискиот јазик кои се стереотипизирани како ,,лесни за учење", додека други говорници тие делови ги учат и восприемаат многу полесно, но се справуваат со учење на различни појави и атрибути од многубројните сфери од полето на англискиот јазик. Горенаведените примери се клучни примери кои би се зеле како типични примери за обработка и опсервација на науката за стекнување на втори јазици, бидејќи со текот на опсервирање на ваквите личности, еден професор по јазици сигурно ќе научи како да им пристапува на одредени говорители од одредени држави чијшто мајчин јазик не е англискиот, се со цел да може да употребува методи и начини преку кои тие говорници многу брзо и со помалку тешкотии би го научиле англискиот јазик. Семантика на англискиот јазик беше еден од најбитните предмети кои тесно се поврзани со науката за восприемање и учење на втори јазици. Тоа е така бидејќи семантиката навистина се вклопува со целиот процес на увидување за тоа како луѓето ги делат групите на зборови во нивните умови, со помош на таканаречените "mind maps". Ова е убедливо влијателна тема бидејќи човек може лесно да научи нешто повеќе за горенаведените процеси кои се потребни за некој успешно да научи англиски јазик на едно високо ниво, кога станува збор за говорители чиј мајчин јазик не е англискиот.

Сепак, сега би сакал да ви посочам и објаснам колку значајно и важно беше за мене да ги изучувам сите возбудливи и разновидни курсеви во TU Chemnitz, кои, на некој начин се поврзани со науката за изучувањето на втори јазици. Кога станува збор за предметот Применета лингвистика, можам да кажам дека научив еден неверојатен број на феномени и појави кои се поврзани со лингвистиката во глобала, како и науката за изучување на втори јазици.

Со оглед на фактот дека овој предмет беше прилично темелен и истовремено од голема помош, таму учев за речиси сите најразлични полиња и домени на лингвистиката како наука и можам да кажам дека добивав значајна помош од надлежните професори и инструктори, кои секогаш беа отворени за консултации и давање на помош кога и да се најдев себеси во битка со една од темите од овој предмет. Буквално почнувајќи со сите дефиниции за тоа што всушност претставува поимот Применета лингвистика, заедно со информациите околу тоа со што оваа наука за занимава како една интердисциплинарна гранка ориентирана кон проблемите во лингвистиката, јас ги стекнав најбитните и најосновните знаења за тоа што всушност оваа наука претставува и со што и какви проблеми и нејаснотии од гранките на лингвистиката се занимава. Во овој предмет исто научив многу за кохерентноста и кохезијата во текстовите, што ми овозможи да добијам една јасна слика за тоа што всушност текстовите претставуваат и како кохерентноста и кохезијата влијаат на тоа што е зборувано и слушано секој ден. Горенаведениот пример игра огромна улога кога станува збор за темелното разбирање на што всушност луѓето кои го немаат англискиот како мајчин јазик треба да внимаваат при неговото изучување, а истото важи за сите оние кои работат како професори по англиски јазик.

Темата за дискурсна анализа беше уште една тема која играше една голема улога во формирањето на мојот увид и на моето знаење за англискиот јазик, заедно со сите темелни анализи на процесите кои се потребни за да постои комуникација. Клучно е да се напомене дека сите социјални варијации на англискиот за кои јас учев по овој предмет, беа уште едни фактори кои имаа свој дел во моето разбирње на јазикот таков каков што тој е денес. Прекрасното ,,патување" низ применетата лингвистика продолжи со многу други појави, меѓу кои се наоѓаат одредени теории, студии и истражувања, како што е пристапот на Лабов, пристапот на Трудгил, Кашровиот модел составен од концентрични кругови, итн. Овие се теми кои несомнено даваат голема помош на секој оној кој пробува да ги разбере сите атрибути на англискиот јазик, како и атрибутите и појавите кои се јавуваат во процесот на изучување и восриемање на втори јазици.

Уште еден мошне интересен дел од овој предмет беше делот каде што научив за областа на Брока и областа на Вернике во мозокот, кои се клучно значајни за сите оние кои барем пробуваат да научат било каков јазик, бидејќи овие делови се области во мозокот наменети за формирањето и зачувувањето на јазиците кои ги учи човекот, па така може да се каже дека играат огромни улоги кога станува збор за восприемањето на јазиците и сите оние сакани или несакани ефекти кои можат да се појават кога човек изучува одреден јазик. Тоа не води до темата за процесирање на јазикот и сите теории за восприемање на прв, односно мајчин јазик, за потоа да не доведе до темата за восприемање на вторите јазици. Со помош на овој предмет станав посвесен и поблизок со сите теории поврзани за јазичното восприемање во една глобална рамка, вклучувајќи ги најразличните теории и лингвистички тврдења како Универзалната Граматика и Хипотезата за Критички Период. Вклучени заедно, сите овие процеси беа мошне важни кога станува збор за науката за восприемање на втори јазици, заедно со науката за восприемање на мајчин јазик, бидејќи сите горенаведени процеси и појави ми овозможија да се стекнам со значаен увид околу разликите кои се појавуваат во умовите на луѓето кога го изучуваат нивниот мајчин или прв јазик, а и кога го изучуваат нивниот втор, односно странски јазик. Сепак, најголемото светло во сите горенаведени теории беше насочено кон англискиот јазик. Чувајќи ме „во форма" секоја недела преку сите предавања, квизови, работилници и вежби на кои присуствував како студент, овој предмет несомнено беше еден од најголемите помагатели во мојот живот за јас како човек да можам да го научам англискиот јазик на едно многу повисоко ниво од претходно, па и да го восприемам јазикот побрзо и поефикасно од било кога. Ова ,,патување" не’ води до корпусната лингвистика, што е уште еден многу важен фактор кој игра голема улога во восприемањето на јазикот и развојот во целиот тој процес, како и совладувањето на јазикот и доаѓањето до еден длабок увид за се' што се случува со сите зборови во англискиот јазик и како тие се користат на едно глобално ниво низ вековите. Помеѓу најразличните теми за Лексикографијата и речниците - која, патем е уште еден прилично важен чекор за секој оној кој се труди да научи јазик на едно повисоко и пософистицирано ниво и да разбере зошто речниците се креираат онака како што се креираат. Повторно, оваа гранка од предметот Применета лингвистика ме доведе до знаењето за тоа што се сите причини зад креирањето на секој поединечен дел во еден речник и како речниците се формираат и креираат.

3

Кога станува збор за Теоријата на восприемање и усвојување на втори јазици како предмет за кој беше дадена можност да се изучува сам по себе, темелно и крајно ги зголемив должините на моето знаење за јадрото на оваа појава. Деталниот пристап до темата со која се занимава овој предмет се содржеше од група на пристапи и теории тврдени од најразлични професионалци на оваа тема. Проучував теории како што се бихејвиоризам, универзална граматика и нативизам, хипотеза за критички период, процесирање на информации, когнитивна теорија, пигинизација и акултурација, како и основите на зборувањето, читањето, пасивното и активното слушање, пишувањето и уште многу други слични вештини.

Преку несебична соработка, креативни работилници и кооперација со сите мои професори, инструктори, ментори и колеги, научив премногу за англискиот јазик на едно напредно академско ниво. Морам да додадам дека дискусиите со други луѓе кои не се вклучени во мојот академски живот, исто така играа клучна улога која водеше до целта јас да можам да ги слушнам и разберам нивните лични мислења на одредени теми поврзани со англискиот јазик, од кои за некои не сум имал ни слушнато во претходните фази од мојот академски живот. Така, морам да потврдам дека суптилното испреплетување на мојот академски и приватен живот беше полн погодок за јас, од една страна, да се усовршувам и да учам пред се' како личност, а од друга страна како академски граѓанин во светот на англискиот јазик.

4

Морам да додадам дека сум бескрајно благодарен на сите мои колеги и професори и од Педагошкиот факултет во Битола, а и оние во TU Chemnitz, Германија, за тоа што несебично ми даваа секакви видови на помош и поддршка, кои беа едни од клучните фактори кои беа потребни за јас да можам да ги развијам моите мислења како интелектуалец и академски граѓанин. Ова ги претставува сите оние значајно важни знаења кои јас ги стекнав за англискиот јазик, како и нивоата и процесите клучни за негово восприемање и усвојување, особено кога станува збор за луѓето на кои англискиот не им е мајчин јазик.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование