X
 29.07.2021 Живот

Земјотрес од 8,2 степени ја погоди Алјаска. Издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 8,2 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Алјаска. Издадено е и предупредување за цунами во регионот, пренесува „Ројтерс“. Во моментов нема податоци за жртви или материјална штета.


Земјотресот се случил во 22:15 часот по локално време, на длабочина од 35 километри. Епицентарот бил на околу 800 километри од Енкориџ, најголемиот град во Алјаска. По него следувале седум афтершокови, од кои два со јачина од 6 степени.



Во Алјаска, Националниот центар за предупредувања за цунами издал предупредувања за јужните делови од државата, полуостровот и крајбрежните региони, а се истражува и можноста за цунами во сојузните држави Хаваи и територијата Гуам.

Јапонската метеоролошка агенција ја истражува можноста за цунами во Јапонија, а се проценува и опасноста од цунами во Нов Зеланд.

Извор: Reuters
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот