X
 07.07.2020 Живот

Каде камилите ја чуваат водата?

Ако погледнете камила, сигурно ќе си помислите каде ја чува водата, можеби во нејзините грпки? Всушност, камилите се само многу добри во задржување на водата што ја имаат, преживувајќи со многу малку и надополнувајќи кога е можно.

Овие животни можат да испијат повеќе од сто литри вода за само неколку минути. Сепак, ова ниво на ненадејна хидратација би значело крај за многу животни, но камилите не се прехидрирани, туку само го надополнуваат она што го загубиле.

Нормално, тој вид брзо пиење би ги убило повеќето животни преку разредување на нивната крв. Но, камилите можат да задржат големи количества вода во нивната прва комора на желудникот, или бурагот. Бурагот ја пропушта сета вода во крвта полека за неколку часа.

Камилите, исто така, имаат специјални крвни клетки, мали и заоблени, што им овозможува многу подобро да течат низ вените, дури и кога жештините ќе ги затегнат. Па, дури и кога камилите снемуваат вода, тие немаат проблем да функционираат.

Ова е причината и зошто камилите не се потат лесно, тие речиси никогаш не губат вода. Тоа им помага и да ја зачуваат енергијата.

На крајот, камилите имаат суперефикасни бубрези и големи црева, па губат многу малку вода преку излачување. Импресивно, нели? Ако сакате да дознаете уште повеќе за камилите и хидратацијата, погледнете го ова видео.



Извор: Interesting Engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот