Минатиот месец
Факултети.мк направи онлајн-анкета во која ги запрашавме студентите кој наставник заслужува пофалба за неговиот труд што го вложил во организирањето на онлајн-наставата.
Еден од професорите што добија многу пофалби за тоа како се справувале со наставата во време на корона-кризата беше и професорот Бојан Каранаков од Архитектонскиот факултет од Скопје.
- Досега најдобро се снаоѓа со настава на далечина, го пробува секој начин за полесно да ни го долови најпотребното и направи измени во наставата, што ни овозможи да имаме подобри резултати, а истовремено и да научиме во овие тешки услови - ни напиша еден студент.
Сега ние го прашавме него што има да им каже на студентите.
Погледнете ја целата негова порака: