X
 07.07.2021 Живот

Ова се хотелите каде што ќе може да се користат ваучерите за одмор

Министерството за економија ја објави листата со хотели во кои работниците со ниски приходи може да ги искористат ваучерите што ќе ги добијат од државата.

На листата има вкупно 76 сместувачки капацитети и туристички агенции од повеќе градови.

Листата може да ја погледнете ТУКА.

Минатиот месец Министерството за економија објави јавен повик за реализација на мерката организиран одмор на работници со ниски приходи, чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 30.000 денари. Оваа мерка е во рамките на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари. Лицата што ќе добијат ваучери може да ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Македонија.

Јавниот повик се затвори на 30 јуни, а сè уште се очекува листата со оние што добиле ваучер.

Насловна фотографија: Unsplash

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот