X
 08.08.2017 Живот

Јапонска метода за посреќен и поисполнет живот

За јапонските работници во големите градови, типичен работен ден започнува со состојба наречена „суши-зуме“, израз кој ги споредува патниците во наполнет воз со стеснети зрна ориз во суши.

Стресот не завршува тука. Работната култура подразбира поминување многу часови во канцеларија, предводени од строги хиерархиски правила. Не е необично возовите да бидат преполни и на полноќ, бидејќи често Јапонците работат прекувремено. Како тие се справуваат со стресот?

Тајната е во „икигаи“. Се работи за термин кој ја подразбира среќата во живеењето. Поврзано е со 4 квалитети: она што го сакате, она во кое сте добри, што му треба на светот, за што може да бидете платени. Терминот е составен од два збора: „ики“ што значи живот и „гаи“ што значи вредност. Може да се сфати како концепт кој ги вбројува животните вредности. Многу јапонски книги се посветени на оваа практика. Авторите го коментираат изразот како многу близок до зборот „среќа“, но всушност главната цел е поглед кон иднината и чувствување радост за истата, иако сегашноста е очајна.

Во Јапонија има најголем број луѓе што се долговечни. Старите луѓе се вреднувани и тие им ја пренесуваат мудроста на помладите генерации. Експертите сметаат дека концептот икигаи придонесува за долговечен и исполнет живот.

Вредното и напорно работење е дел од икигаи-филозофијата. Тоа подразбира и наоѓање значење во сопствената работа, мотивација и ефект. Пензионирањето во подоцниот период од животот може да донесе чувство на загуба и празнина за оние што наоѓаат „икигаи“ во својата работа. Ова особено ги погодува спортистите, кои имаат релативно пократки кариери.

„Икигаи“ може да се примени и во периодот на пензионирање. Треба да се има разбирање зошто го правите она и по добивањето на платата, односно да им се даде значење и на активностите после работниот век.

Ако го следите овој концепт, можеби сето тоа ќе ви помогне да живеете многу поисполнет живот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот