X
 07.08.2020 Култура

Белешка од студентските денови на Оскар Вајлд се продава за 60.000 фунти

Мудроста и духовитоста на писателот Оскар Вајлд му се познати на целиот свет. Во нив може да се увериме и преку еден прашалник што го пополнил додека бил во раните дваесетти години.

Станува збор за белешка на која има прашалник кој Вајлд го пополнил додека бил студент на универзитетот во „Оксфорд“. Белешката сега се продава за 60.000 фунти, односно 78.390 долари во „Сотби“.


Фото: The Art Newspaper

Потпишана со неговото целосно име, Оскар Фингал О'Флаерти Вилс Вајлд, на белешката има 39 лични прашања кои даваат поглед во карактерот на писателот. Има прашања за омилена боја, цвет, годишно време, дрво, парфем, сликар, музичар, поет и многу повеќе.

Неговиот одговор на последното прашање „Која е твојата цел во животот?“ можеби најмногу го отсликува Вајлд каков што го знаеме денес. На ова прашање тој одговорил: „Слава, или дури и озлогласеност“.

Документот датира од 1877 година, а како што вели Филип Ерингтон од „Сотби“, одговорите на Вајлд го покажуваат неговиот шарм. Неговите одговори се токму она што би очекувале да го добиеме од храбар интелектуален млад писател кој го доживува првиот вкус на славата.

Автор: Екта Јоши
Извор: luxurylaunches.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура