X
 03.10.2016 Култура

Локации низ светот што кријат потенцијално богатство

Легендите велат дека низ светот се скриени големи количини богатство: злато, сребро, бисери, верски артефакти, смарагди итн. Се шпекулира и дека круните на Кралот Џон што се изгубени во 1216 постојат сé уште.

богатство


Bullion Vault најголемиот интернет сервис за инвестирање објавил информации за локации што кријат потенцијално богатство, но за обичните луѓе овој предизвик може да биде и смртоносен. Во јули било пронајдено телото на 54 годишен маж во дивите предели на Санта Фе кој опсесивно трагал по богатство закопано длабоко во Карпестите планини.

Постои легенда и за нацистичкиот Златен воз за кој се смета дека исчезнал во Полска во комплексот тунели за време на Втората светска војна. Според шпекулациите сокриени се 37 милјарди долари во уметнички дела и сребро украдено од Евреите за време на холокаустот. Се верува дека повеќе од 9200 сребрени прстени во вредност од 93 милиони долари се сокриени во замокот во Вевелзбург на Хајнрих Химлер во северна Германија. Огромна количина злато се верува дека се наоѓа во водите на езерото Валхен на Алпите. Ремек дела од Моне, Манет и Сезан кои биле во сопственост на Еврејско-Унгарски индустријалист се верува дека се закопани во рудник за сребро на Чешко-Германската граница. Само во 2012 година во стан во Минхен биле пронајдени уметнички дела во вредност од 1,8 милјарди долари, а од потрагата по возот двајца трагачи се вратиле во празни раце во мај годинава.

Големите количини богатства што сепак се откриени служат како мотив за трагачите давајќи им надеж дека можеби следниот куп злато ќе го пронајде некој од нив. Во 1840 година откриено е богатство од Викинзите од страна на англиски работници. Во Полска во 1985 исто така биле пронајдени златна круна, накит и вазна со повеќе од 3000 монети во вредност од 129 милиони долари. Огромна златна грутка била откопана од мексиканската пустина во 1989, а пред неколку месеци двајца нуркачи во Израел наишле на брод стар 1600 години на кој биле пронајдени римски артефакти што допрва ќе се објават.


мапа со злато


Експертите од Bullion Vault, интернет сервисот за инвестирање, велат дека претпоставките за локации со потенцијално богатство се концентрирани на териториите на Обединетото Кралство, Малезија, Костарика, Полска и Тајван. Еве ја листата на потенцијални богатства:

1. Круни од 1216 на Кралот Џон во Обединетото Кралство: според историските записи, Кралот Џон патувал од  кај Кралот Лин до Линколн кога товарниот воз се заглавил во калта во Фенланд, мочурлива област во источна Англија и тогаш круните, златото и парите биле изгубени. Богатството сé уште не е најдено, но сега археолозите имаат појасна идеја за потенцијалната локација и имаат надеж дека ќе го пронајдат. (број 8 на мапата)

2. Цветот од морето или  La Flor de la Mar е португалска фрегета која во 1511 отпловила од Малезија со најголемото богатство во поморската историја на Португалија. На патувањето се случила бура при што бродот потонал заедно со богатството. (број 9 на мапата)

3. Морнарица со богатство од 1715 близу Флорида, САД: 12 бродови пловеле од Хавана, Куба до Шпанија кога биле зафатени од ураган и сите освен 1 потонале во водите на Флорида. Бродовите носеле злато, сребро, бисери и смарагди од Новиот Свет и до денес  овие предмети водата ги исфрла на плажите на Флорида. Во 2015 едно семејство трагачи пронашло монети во вредност од 1 милион долари. Се претпоставува дека има уште богатство во монети во вредност од 400 милиони долари долж брегот од Палм Беј до Форт Пирс. (број 10 на мапата)

4. Богатството на Кокосовите Острови од 1820 во Костарика: Американскиот претседател Френклин Рузелт и актерот Ерол Флин се обиделе да го пронајдат ова богатство. Вилијам Томпсон бил назначен да пренесе 113 златни верски статуи, 200 парчиња накит и 1000 дијаманти од Лима до Мексико, но станал пират и го закопал богатството на Кокосовите О-ви. Членовите на неговиот екипаж биле обесени, а Томпсон избегал со својот партнер и не бил виден никогаш. (број 11 на мапата)

5. Нацистичкиот златен воз во Валбрух, Полска: според легендата на крајот на Втора светска војна возот исчезнал во комплексот на тунели изградени од нацистите под Був Планина во Валбрух, Полска. За ова има многу дебати особено откако двајца трагачи потрошиле 28 илјади фунти на копање за да дознаат дека во областа нема ниту воз ниту тунели. (број 12 на мапата)

6. Богатството на Ава Мару од 1945 во Тајван: бродот бил на пат од Сингапур и се враќал кон Јапонија, а носел злато, платина и 150 000 карати дијаманти, а се верува дека пренесувал и фрагменти од черепи од пред 750.000 години. (број 13 на мапата)

7. Богатството на Форест Фен во Карпестите планини во САД од 1988: Ренди Билју бил во потрага по богатството што се шпекулира дека го сокрил ексентричниот милионер Форест Фен. Милионерот ги тврдел шпекулациите откако му бил дијагностициран рак, но откако ја победил болеста, одбива да го открие богатството. Тој има изнесено мал број шифрирани докази и има напишано 2 книги за него, а од Одделот за туризам на Ново Мексико велат дека богатството има вредност од 2,6 милиони долари. (број 14 на мапата)
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура