X
 07.09.2021 Живот

Како влијае промената на времето врз организмот?

Многумина се среќни што доаѓа постудено време од повеќе причини. Но промената на времето не им влијае позитивно на сите. Има луѓе што навистина чувствуваат сериозни тешкотии. Одамна било потврдено дека временските промени влијаат врз здравјето на луѓето, особено на оние со хронични болести.

Последиците од климатските промени се забележуваат и во нашиот регион, а на тоа потсетува зголемениот број на интервенции кај лица со срцеви болести и други здравствени состојби.

Меѓутоа, науката докажала дека дури и физички и психички здравите луѓе не се имуни на промените што се случуваат во атмосферата. Чувството на замор, несоница, главоболка и вознемиреност се најчести проблеми кои се јавуваат поради ненадејни промени во времето.


Фото: Pixabay

Постојат повеќе групи луѓе кои се особено чувствителни на овие промени, а меѓу нив се луѓето со ревма, астма, срцеви проблеми и висок крвен притисок, психоза и други психички тегоби. Лекарите посочуваат дека астматичарите чувствуваат промени во период од 3 до 48 часа пред ненадејна промена на температурата.

Експертите советуваат во „критичните“ периоди да се остане дома, да не се патува, да не се прават тешки физички и психички активности, како и да се земаат препишаните лекови. Се советува и јадење повеќе овошје и зеленчук, како и внесување течности, а одбегнување алкохол и засладени сокови.

Извор: DDL
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот