X
 07.11.2016 Живот

Лекции кои можеме да ги научиме од смртта

Вкоренет во срцата на многу припадници на хинду е верувањето дека ако го вдишите вашиот последен Каши (Варанаси) ќе постигнете она што е популарно понато како „Каши Лабх“ или „плодот на Каши - мокш“ односно „ослободување од циклусот на повторно раѓање поттикнато со законот на кармата“.

Каши Лабх Мукти Бхаван во Варанаси е еден од трите гостински куќи во градот каде луѓето се пријавуваат за да умрат. Другите две се Мумукшу Бхаван и Ганга Лабх Бхаван. Основано во 1908 година, Мукти Бхаван е добро познат во градот и надвор од него.

Бхаирав Натх Шукла е менаџер на Мукти Бхаван веќе 44 години. Тој бил сведок како и богатите и сиромашните барале засолниште во оваа гостинска куќа со цел да ја дочекаат смртта, надевајќи се дека ќе пронајдат мир. Шукла се моли и надева со нив и за нив. Што овој човек научил од 12.000 смртни случаи на кои бил сведок?

1. Решете ги сите конфликти пред да заминете од овој свет

Шукла ја раскажува приказната на Шри Рам Сагар Мишр, санскритски научник. Мишр бил најстариот од шест браќа - најблизок бил со неговиот најмал брат. После лоша расправија и двајцата браќа подигнале ѕид, делејќи ја куќата.

За време на неговите последни денови, Мишр решил да престојува во гостинската куќа, барајќи да му биде резервирана собата број 3. Тој биѝл сигурен дека ќе почине на 16-тиот ден од неговото пристигнување. На 14-тиот ден тој рекол: „Замолете го мојот отуѓен брат со кого се немам видено 40 години да дојде да ме види. Огорченоста ми го прави срцето тешко. Нетрпелив сум да го решам секој конфликт“.

Било испратено писмо. На 16-тиот ден неговиот најмал брат пристигнал - Мишр држејќи ја неговата рака од него побарал да го рушат ѕидот кој ја делел куќата и барал прошка. И двајцата браќа плачеле во тишина, кога Мишр наеднаш престанал да зборува. Неговото лице станало мирно - починал.

Шукла ја видел оваа приказна во многу форми низ годините. „Луѓето непотребно носат многу багаж во текот на нивниот живот и сакаат да го намалат како што доаѓа крајот од нивното патување. Трикот не е во немањето конфликти туку во нивното решавање колку што е можно поскоро“, вели тој.

2. Едноставноста е вистината на животот


„Луѓето престануваат да јадат богата храна кога знаат дека ќе го напуштат овој свет. Во нивните последни денови луѓето сфаќаат дека требало да живеат едноставен живот“,вели Шукла.

3. Филтрирајте ги лошите особини на луѓето

Шукла смета дека секоја личност има нијанси на добро и лошо. Но, наместо веднаш да ги отфрлите „лошите“ луѓе, потребно е да го пронајдете доброто во нив. Горчината која ја чувате ве тера да се сконцентрирате на нивните негативности. Ако се фокусирате на добрите квалитети, ќе го поминете времето запознавајќи ги подобро па дури и засакувајќи ги.

4. Побарајте помош од другите


Чувството дека знаете се' и дека можете да направите се' сами е навистина моќно меѓутоа ве ограничува да го апсорбирате она што другите го научиле. Шукла верува дека секој од нас треба да им помогне на другите, но уште поважно, да има храброст да побара помош кога сме во неволја.

Секој човек во светот знае повеќе од нас во одреден аспект, а нивното знаење може да ни помогне, само ако сме отворени за него.

5. Пронајдете ја убавината во едноставните работи


Мукти Бхаван свири прекрасни песни исполнети со чувства. „Некои луѓе застануваат и се восхитуваат на овие ноти или на звукот од инструментите како никогаш претходно да не слушнале музика, дури и ако имаат слушнато. Тие прават пауза за да го ценат нештото и да ја пронајдат убавината во него“.

За жал, ова не важи за сите. Луѓето кои се премногу критични или премногу горди, оние на кои им е претешко да пронајдат радост во малите нешта се преокупирани  со „навидум“ поважни работи.

6. Прифаќањето е ослободување


Поголемиот дел од луѓето не сакаат да прифатат низ што поминуваат. Ова постојано негирање создава прилично опасни емоции. Кога ќе ја прифатите вашата ситуација, тогаш ќе се ослободите и ќе можете да одлучите што да направите во врска со проблемот. Без прифаќање вие секогаш сте во „сивата зона“.

7. Однесувајте се со сите луѓе исто


Доколку ги гледате сите луѓе со исти очи тогаш ќе постигнете мир. Не ги гледајте луѓето врз основа на бојата, вератаи социјалниот и економскиот статус. Категоризацијата доведува до компликации и никому не прави услуга. „Денот кога ќе ги третирате сите на ист начин е денот кога ќе дишете светлина и ќе се грижите помалку за тоа дали човекот се чувствува навредено или не“, вели тој.

8. Ако/кога ќе ја пронајдете вашата цел, преземете нешто во врска со неа


Свеста за вашата цел е одлична, меѓутоа потребно е да преземете акција за нејзино реализирање.

Многу луѓе ја знаат нивната цел, меѓутоа не преземаат ништо за нејзина реализација. Преземете акција бидејќи само тоа е важно.

9. Навиките стануваат вредности


Шукла вели дека треба да ги зачувате добрите навики за да можете да ги „сместите“ добрите вредности. Градењето на добри навики се случува со текот на времето и за него е потребна пракса. Исто е како градење на мускули, мора да вежбате секој ден.

10. Изберете што сакате да научите

ВО пространоста на бесконечната сума на знаење достапно за нас, лесно е да се изгубиме и да се збуниме. „Главната лекција е да се биде свесен за изборот на она што го чувствувате длабоко и што е вредно за вас“, вели тој.

„Во нивните последни денови од животот, луѓето не можат за зборуваат, одат или да комуницираат со другите како порано. Па затоа се повлекуваат и започнуваат да се сеќаваат на нештата кои ги правеле среќни, нештата кои сакале да ги научат во текот на нивниот живот и кои го збогатувале животот“.

11. Не ги прекинувајте врските со луѓето


Ретко можете да се дистанцирате од луѓето кои навистина сте ги сакале или со кои сте се поврзале тесно. Сепак, во било која врска, постојат одредени несогласувања на идеологии поради што често пати луѓето престануваат да комуницираат. Ова не значи дека повеќе не сте поврзани со таа личност. Едноставно значи дека повеќе не се поврзувате со нивната доминантна мисла и сакате да избегнете понатамошен конфликт. Разделувањето е со мислата, но никогаш со срцето.

12. 10% од она што го заработувате треба да го чувате настрана за дхарма

Дхарма, Шукла не го дефинира како нешто религиозно или духовно. Наместо тоа, тој вели дека е поврзано со правењето добро на другите и одговорноста која го носи овој акт.

Многу луѓе донираат за хуманитарни цели кон крајот на нивниот живот бидејќи смртта им паѓа тешко. Во нивното страдање, тие започнуваат да се сочувствуваат со страдањето на другите. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот