X
 21.07.2024 Живот

85 отсто од работите за кои се грижиме никогаш не се случуваат

Пред петстотини години Мишел де Монтењ рекол: „Мојот живот е исполнет со страшни несреќи; повеќето никогаш не се случиле“. Сега постои истражување што го докажува тоа, истражувајќи колку од нашите замислени несреќи се оствариле.

Во истражувањето, од испитаниците било побарано да ги запишуваат своите грижи во текот на долг временски период и потоа да идентификуваат која од нивните замислени несреќи всушност не се случила. Излегло дека 85 отсто од она за што испитаниците биле загрижени никогаш не се случило, а од 15 отсто што се случило, 79 отсто од испитаниците откриле дека или можеле да се справат со тешкотијата подобро од очекуваното или тешкотијата им одржала вредна лекција.

Ова значи дека 97 отсто од она за што се грижите не е ништо повеќе од исплашен ум кој ве казнува со претерувања и заблуди.

Стресот предизвикува проблеми

Цитатот на Монтењ ги засмејува луѓето веќе пет века, но грижата не е шега. Стресот што го создава загриженоста предизвикува сериозни проблеми. Хормоните на стрес кои доведуваат до чувство на загриженост се поврзани со намалување на масата на мозокот, намалување на вашиот коефициент на интелигенција, склоност кон срцеви заболувања, рак и предвремено стареење, семејна дисфункција и клиничка депресија, но и со зголемување на можноста за постарите да развијат деменција и Алцхајмерова болест.

Кога би успеале да се избориме со грижата која постојано несвесно ни го окупира умот, значително би ги зголемиле шансите за подолг, посреќен и поуспешен живот. Но, не грижете се; новото истражување покажа дека можете да го промените вашиот мозок и да престанете да се грижите.

Сè започнува со одлуката да не верувате во несреќата што вашите вознемирени мисли ја гледаат во вашата иднина.

Потребна е одлучност и посебен вид вежбање, но поедноставно е отколку што мислите. Ова е еден од начините.

Замислете копче во средината на вашата дланка. Притиснете го и избројте до три, мислејќи на секој број како боја.

Вдишете, кажете 1, замислете црвено.
Вдишете, кажете 2, замислете сино.
Вдишете, кажете 3, замислете зелено.

При издишување, за момент, целосно препуштете се и размислувајте за што било. Колку повеќе го разбивате стресното размислување во текот на денот, толку повеќе вашиот мозок ќе ги зајакне синапсите кои престануваат да се грижат.

Еве една невролошка причина зошто ова функционира. Делот од мозокот кој предизвикува стресни реакции буквално има интелигенција на мало дете. И секој родител знае дека не го спречувате бесот на детето со повикување на детската логика. Му го одвлекувате вниманието на детето. Оваа алатка го одвлекува вниманието на исплашеното двегодишно дете во вашиот мозок.

Извор: Bizlife.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот