X
 21.04.2021 Живот

Новиот австриски министер за здравство оди на работа со јавен превоз

Откако минатата недела поранешниот австриски министер за здравство Рудолф Аншхобер даде оставка, на неговото место беше назначен Волфганг Микштајн.

Многу медиуми го критикуваа новиот министер поради облеката во која се појави пред претседателот за време на положувањето заклетва. Имено, на инаугурацијата тој носеше патики и немаше вратоврска.

Пред инаугурацијата, највисоката влада и новиот министер разменија неколку збора зад затворени врати. Поради почитување на мерките против Ковид-19, семејството Микштајн не беше присутно на инаугурацијата.

По заклетвата Микштајн истакна дека веднаш сака да се фати за работа. Веќе е закажан состанок со кризниот тим. Освен борбата против пандемијата, новиот австриски министер сака да се фокусира и на социјалните ефекти од кризата. Канцеларот Курц беше воодушевен од одличниот избор на новиот министер од страна на „зелените“. Курц нагласи дека е добро што владата има експерти во својот тим.

Интересно е тоа што новиот министер на својот твитер-профил се пофали дека кај претседателот оди со јавен превоз.

Извор: 6yka.com
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот