X
 09.11.2018 Живот

Холанѓанец бара од судот да биде 20 години помлад

Шеесет и деветгодишниот Холанѓанец Емил Рателбанд на суд побара официјално да биде 20 години помлад бидејќи така ќе има поголеми шанси, на пример, на апликациите за барање партнерка на кои сега наводно е дискриминиран.

Рателбанд на суд во Арнем изјави дека не се чувствува „удобно“ со својот датум на раѓање и својата желба да ги промени годините ја спореди со луѓето што се идентификуваат како трансродови. Тој рече дека неговата законска старост не ја одржува неговата емотивна состојба бидејќи не може да најде ни работа ни љубов, па бара датумот на раѓање да му се преправи од 11 март 1949 година на 11 март 1969 година.

- Со 69 години сум ограничен. Да имам 49, можам да купам нова куќа, да возам друг автомобил. Можам повеќе да работам. Кога сум на „Тиндер“ и кажувам дека имам 69 години, не добивам одговор. Кога би имал 49 години, со лицето што го имам, би бил во попривилегирана состојба - изјавил тој.

Рателбанд, кој е мотивациски говорник, тврди дека и докторите му рекле дека има тело на 45-годишен маж.

Официјалните лица се скептични за случајот бидејќи не постои легален механизам што би можел да ѝ дозволи на една личност да го промени датумот на раѓање.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот