Јадрото на нашата планета, сепак, не е толку цврсто како што мислевме, откриваат научниците.
Повеќе од половина век се сметало дека внатрешното јадро на Земјата е цврста топка направена од легура на железо, опкружена со течно надворешно јадро. Според
истражување објавено во септември, делови од внатрешното јадро се полуцврсти, а некои и течни.
- Колку повеќе гледаме во него, толку повеќе разбираме дека тоа не е само една здодевна топка железо. Откриваме сосема нов скриен свет - изјавила Џесика Ирвинг, сеизмолог од Универзитетот во Бристол, која не била вклучена во истражувањето.
Фото: Pixabay
Од 50-тите години научниците знаат дека центарот на нашата планета не е празен, но тој сè уште не бил истражен поради високата температура и големиот притисок. Геофизичарите донесуваат заклучоци за изгледот на јадрото според сеизмичките бранови што се создаваат од земјотресите.
Рет Батлер, геофизичар од Институтот за геофизика и планетологија во Хаваи, ги анализирал овие сеизмички бранови кога сфатил дека структурата на внатрешното јадро не е онаква каква што се претпоставува. Во истражувањето тој поставува хипотеза дека во внатрешното јадро има делови кои се течни и меки и дека тоа не е целосно цврсто.
Ова истражување би можело да го промени нашето разбирање за магнетното поле на Земјата бидејќи тоа игра улога во менувањето на ова поле, пишува „Спејс“.
Извор:
Space