Во филмскиот класик „Д-р Стрејнџлав“, во која сатирично се прикажува трката за нуклеарното оружје, еден синџир на несреќни настани доведоа до експлодирање на сите нуклеарни бомби во светот истовремено.
Редакцијата на веб страницата „Ај-еф-ел сајнс“ се обиде да го одговори прашањето кое произлегува токму од овој филм:
Што би се случило ако експлодираат сите нуклеарни бомби во светот?
Според податоците, моментално постојат 14.900 нуклеарни боеви глави во светот. Америка има 6.800, Русија 7.000, а тоа се всушност најголемиот дел од целото нуклеарно оружје во светот. Велика Британија има 215, Франција 300, Кина 260, Индија 20, Пакистан 130, Израел 80 и Северна Кореја 10.
Сите овие нуклеарни боеви глави не се исти. Америка и Русија имаат страшно моќно термонуклеарно оружје, додека Северна Кореја има стари бомби врз основа на плутониум. Една од најмоќните бомби во американскиот арсенал е В83, чија сила е еквивалентна на 1,2 мегатони ТНТ или на пример, 79 бомби како онаа фрлена на Хирошима.
Фото: Pixabay
Ваквата бомба во земјата би оставила кратер длабок 92 метри и широк 420 метри, а сите згради во дијаметар од 16,8 километри ќе бидат целосно уништени. Поради термалната радијација, сите во круг од 420 километри ќе здобијат со изгореници од трет степен. Под претпоставка дека нема ветер, помеѓу 50 и 90 отсто од луѓето во дијаметар од 20 километри ќе починат од радијација.
При пресметување на последиците од експлозијата на сите
атомски бомби, биле пресметани само бомбите на Америка и Русија, под претпоставка дека сите се моќни како В83. Тоа се вкупно 13.800 термонуклеарни бомби кои со експлозијата би произвеле електрична енергија колку што троши Америка за една година.
Под претпоставка сите бомби да удрат во брегот и да се рамномерно распоредени по светските градови, во една секунда би уништиле 94 кубни километри површина. Инфраструктурата на 232.000 квадратни километри ќе биде целосно уништена.
Огнената топка со големина од 79.000 квадратни километри ќе уништи сѐ што ќе допре, а сите кои се наоѓаат во дијаметар од 5,8 милиони квадратни километри би добиле изгореници од трет степен. Радијацијата би контаминирала 284.000 квадратни километри, а стотици милиони, па дури и милијарди би умреле уште првиот час.
„Нуклеарна зима“
Нуклеарна зима е хипотетички феномен сличен на вулканска зима. Кога се случуваат најголеми ерупции се создава огромна количина на аеросол и фини честички, а кога тие достигнуваат до горниот дел на атмосферата, предизвикуваат ладење на планетата. Пред луѓето да постоеле на Земјата, вулканските зими предизвикале масовно изумирање и го држеле студен светот стотици години.
Нуклеарната зима отприлика е истата работа, само честичките кои одат во атмосферата се радиоактивни. Едно истражување покажало дека 100 експлозии со големина како експлозијата во Хирошима би предизвикале нуклеарна зима со која просечната температура во светот би се намалила за 1 степен. Експлозијата на сите нуклеарни бомби во светот би предизвикале на Земјата постојан мрак. Сончевата светлина би се пробивала бавно, низ неколку децении или можеби еден век.