19.02.2019
Живот
Германија исплатила 53 милиони евра отштета поради доцнење на возовите
Германската железница (ДБ) за цела измината година им исплатила вкупно 53,6 милиони евра отштета поради доцнења на возовите. Своето право на жалба го искористиле 2,7 милиона патници.
Тоа е за една третина повеќе во споредба со претходните две години, а причината е што секој четврти воз на меѓународните линии доцнел.
Како причини за толкавиот број доцнења ДБ ги посочи многубројните надворешни влијанија, пред сѐ, временските услови.
Извор: МИА