Луксембург ќе стане првата земја во светот што ќе го направи бесплатен целиот јавен превоз.
Транспортните трошоци за возење со возови, трамваи и автобуси ќе бидат укинати следното лето. Тоа е планот на реизбраната владина коалиција предводена од Ксавиер Бетел, кој неделава официјално го почна вториот мандат.
Потегот можеби ќе поттикне и да се остават приватните автомобили. Метежот во сообраќајот е сериозен проблем, особено во околината на градот Луксембург. Едно истражување покажува дека возачите во престолнината на најмалата членка на ЕУ во 2016 година поминувале просечно по 33 часа во сообраќаен метеж.
Сепак, за оваа политика уште ќе се размислува. Треба да се донесе одлука што да се прави со купеата од прва и од втора класа во возовите.
Фото: 9gag
Уште едно прашање што треба да се земе предвид е веројатноста дека бездомниците може да донесат остроумна одлука во текот на зимата да се преместат од улиците во возовите за да бидат на топло.
Некои градови во светот нудат слободен транспорт во обид да го намалат метежот, а во некои американски сојузни држави автобускиот превоз е бесплатен. Но, ниедна друга нација ги нема елиминирано транспортните трошоци од целата транспортна
мрежа.