Ве интересира што мислат другите луѓе за вас и како да оставите подобар впечаток? Познато е дека само 10% од сето тоа е поради начинот на кој зборуваме, но што е со останатите 90%?
Важна работа што треба да ја запомните е дека односот меѓу мозокот и телото е доста силен. Тоа значи дека вашето тело ја одржува вашата внатрешна состојба. Ако имате лош ден, тоа ќе се прикаже и на вашето тело - вашите нозе ќе се влечкаат, ќе одите со наведната глава и слично. Ако сте во добро расположение, ќе одите многу побрзо, ќе се насмевнувате, и вашата глава ќе биде гордо исправена.
Во тој однос функционираат и двете насоки. Тоа значи дека ако сакате да го промените она што го чувствувате однатре, тогаш мора свесно да направите промена и надвор, односно, промена на
говорот на телото.
Постојат некои едноставни техники кои можете да ги научите за да изгледате позитивно и да изградите самодоверба.
Обрнете внимание на малите детали на говорот на вашето тело:
Како стоите/седите?
Дали ги движите рацете додека зборувате?
Дали имате добро држење?
Што кажува за вас говорот на телото?
Постојат одредени гестови што го откриваат недостигот на самодоверба. Ако имате обичај да ги користите, внимавајте и не дозволувајте да преминат во навика.
1. Спуштање на рамената - Ова движење покажува дека не знаете што се случува или, пак, воопшто не ви е грижа. Уште полошо е кога ги кревате рацете нагоре, па на тој начин велите: „Што сакаш од мене? Јас не сум одговорен за ништо и не можам да направам ништо“.
2. Вперување прст - Кога го вперувате прстот кон нешто или некого за вашите проблеми, тоа не помага никому. Со обвинување на другите нема да пронајдете решение.
Погоре споменатите гестови се пример за негативен говор на телото и дефинитивно го уништуваат вашиот успех. Откако ќе го препознаете говорот на вашето тело, време е за работа. Постојат едноставни промени што можете да ги направите и кои веднаш ќе направат да се чувствувате посигурни.
1. Одете со самодоверба - Самоуверените луѓе одат како да го поседуваат местото низ кое се движат.
2. Одете во сопствен ритам и немојте да се трудите да одржувате чекор со другите. Гледајте напред, а не надолу.
3. Не заборавајте да се смеете.
Уште еден едноставен гест кој успешните луѓе го користат се нарекува „вкрстени прсти“. Многу успешни луѓе го користат овој гест, кој иако изгледа како мала работа, прави голема разлика.
Исфрлете ги несигурноста и негативноста и прегрнете ги самодовербата, успехот и позитивните мисли и ќе успеете со позитивниот говор на телото да привлечете нови луѓе.
Луѓето природно ги привлекува самодовербата, па затоа запомнете - 90% од комуникацијата е невербална.